Промовирани огласи »

Компаниите почнаа да ја напуштаат Русија. Хајнекен“ соопшти дека ќе запре со испораките на пиво во Русија, „Зара“ ќе ги затвори сите 502 продавници на своите осум бренда, вклучувајќи ги „Бершка“, „Пул енд бер“ и „Страдивариус“, додека платежниот гигант „Пејпел“ објави дека ги укинува своите услуги.

„Самсунг“, најголемиот снабдувач на Русија со смартфони, кажа дека прекинува со испораките поради „геополитичкиот развој“. „Епл“, „ИКЕА“ и „Х&М“ исто така кажаа дека запираат со продажбите во Русија.

Кон бојкотот се придружија и француските луксузни брендови „Ермез“ и „Шанел“, а „ЛВМХ“, кој е сопственик на „Диор“, „Луј Витон“ и „Живанши“, кажа дека ќе ги затвори сите свои 124 бутици низ земјата.

Промовирани огласи »

Владата на денешната 20-та седница, донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.


Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Согласно оваа мерка, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

Промовирани огласи »

Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Сите резерви и државни и оперативни се полни. Испораките се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации – потенцира Бектеши.

Имајќи го предвид капацитетот на Пазарниот инспекторат ние донесовме дополнителна одлука да се вклучи финансиската полиција и Управата за јавни приходи, се со цел да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат контроли. Инспекциите се вршат и во сабота и во недела. Утре ќе имаме координација со сите кои вршат контрола и ќе ја известиме јавноста во делот на наодите. Колку што имам информации, веќе почнале да се полнат сите рафтови на маркетите, нема колони на бензинските пумпи – наведе министерот за економија.

Бектеши упати апел до граѓаните да купуваат согласно нивните потреби и доколку забележат празни рафтови во маркетите да пријават на 191 за да постапуваат инспекторите.

На прашање околу разговорите со трговците од кванташки пазар и информациите за укинување или менување на маржата на овошјето и зелечукот Бектеши рече дека маржите нема да се сменат.

Ќе се донесе одлука за укинување само тогаш кога ќе се забележи дека има намалување на одредени цени. Ако има намалување на цените на овошје и зеленчук секако дека ќе ја укинеме одлуката. Во случај ако има зголемување ќе има дополнителни мерки – одговори тој.

Промовирани огласи »

Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи заедно спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива, информира Владата.

Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите, се нагласува во соопштението.

Како што истакнуваат од владината Прес-служба, контролите се сеопфатни и затоа се делува координативно и пред сé кај дистрибутивните центри, односно трговците на големо и оние маркети кои имаат сопствени магацини и дистрибутивни центри од каде што се преземаат производите.

На овој начин ќе се надминат сомнежите дека не се дополнуваат рафтовите со производи, иако ги има на залиха и токму затоа се прават контроли во дистрибутивните центри на големо. Владата апелира дека во овие услови никој не смее да профитира на грбот на граѓаните. Владата заедно со надлежните институции информира дека со излегувањето на терен и засилените контроли веќе се нормализира состојбата. Храна, гориво и енергенси има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата, се потенцира во соопштението.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »