Промовирани огласи »

Ве уверувам дека цените на нафтата и нафтените деривати во Македонија ќе бидат најконкурентни и најмали ако ги споредуваме со цените на соседите, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Сите резерви и државни и оперативни се полни. Испораките се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации – потенцира Бектеши.

Имајќи го предвид капацитетот на Пазарниот инспекторат ние донесовме дополнителна одлука да се вклучи финансиската полиција и Управата за јавни приходи, се со цел да се зголеми бројот на инспектори кои ќе вршат контроли. Инспекциите се вршат и во сабота и во недела. Утре ќе имаме координација со сите кои вршат контрола и ќе ја известиме јавноста во делот на наодите. Колку што имам информации, веќе почнале да се полнат сите рафтови на маркетите, нема колони на бензинските пумпи – наведе министерот за економија.

Бектеши упати апел до граѓаните да купуваат согласно нивните потреби и доколку забележат празни рафтови во маркетите да пријават на 191 за да постапуваат инспекторите.

На прашање околу разговорите со трговците од кванташки пазар и информациите за укинување или менување на маржата на овошјето и зелечукот Бектеши рече дека маржите нема да се сменат.

Ќе се донесе одлука за укинување само тогаш кога ќе се забележи дека има намалување на одредени цени. Ако има намалување на цените на овошје и зеленчук секако дека ќе ја укинеме одлуката. Во случај ако има зголемување ќе има дополнителни мерки – одговори тој.

Промовирани огласи »

Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи заедно спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива, информира Владата.

Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите, се нагласува во соопштението.

Како што истакнуваат од владината Прес-служба, контролите се сеопфатни и затоа се делува координативно и пред сé кај дистрибутивните центри, односно трговците на големо и оние маркети кои имаат сопствени магацини и дистрибутивни центри од каде што се преземаат производите.

На овој начин ќе се надминат сомнежите дека не се дополнуваат рафтовите со производи, иако ги има на залиха и токму затоа се прават контроли во дистрибутивните центри на големо. Владата апелира дека во овие услови никој не смее да профитира на грбот на граѓаните. Владата заедно со надлежните институции информира дека со излегувањето на терен и засилените контроли веќе се нормализира состојбата. Храна, гориво и енергенси има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата, се потенцира во соопштението.

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија во понеделник треба да ги соопшти цените на горивата кои ќе важат од вторник. На светските берзи денес беше забележан значаен раст на нафтата која достигна 116 долари од барел, но потоа следуваше намалување, пишува Binzispro.com.

Флуктациите на цената на сировата нафта на светските берзи пред се поради ситуацијата во Украина, па така можеме да очекуваме раст на цените на енергенсите.

Од анализираните податоци за 11 држави во регионот, заедно со нашата, може да се заклучи дека во Северна Македонија цената на ЕУРОДИЗЕЛ во првата недела од месец март е најниска. Највисока цена на ЕУРОДИЗЕЛ плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина. Во Северна Македонија се точи ЕУРОДИЗЕЛ по цена од 1,221 евро.

Додека кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 во Северна Македонија се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала.

Која е моменталната цена на горивата?

Малопродажната цена во моментов на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 денари/литар.

Промовирани огласи »

Рамсторе Македонија е ланец од 29 маркети и 1 онлајн маркет “Рамсторе до дома” кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени. Освен чувствителноста за потребите на потрошувачите, Рамсторе има изразена сензибилност за потребите на своите вработени; компанијата ги препознава нивните потенцијали и нуди можности за развој. Благодарение на тој непосреден пристап, веќе 17 години создава успешни кариерни приказни каде што има за цел да не е само компанија, туку и многу повеќе од тоа - семејство на своите вработени. Рамсторе семејството непречено расте и се развива, постојано се збогатува со нови маркети, нови вработени, но и новитети.

Доколку сакате да бидете дел од динамична компанија, која ги цени своите вработени и е свесна дека успехот е можен само со вистинскиот тим, аплицирајте на огласите:

ПРИЕМ НА ПРОИЗВОДИ - СКОПЈЕ

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - СКОПЈЕ 

ПРОДАВАЧИ ВО РИБАРА 

АСИСТЕНТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

ПРОДАВАЧИ НА ДЕЛИКАТЕС,МЕСО И ПРОИЗВОДИ ОД МЕСО

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »