Промовирани огласи »

Agile Pro Solution (APS) е американска компанија со повеќе од 11 години искуство го редефинира класичниот пристап на аутсорсинг и нуди поекономично решение за растечките бизниси. 

Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

DISPATCH SPECIALIST

SENIOR SOFTWARE DEVELOPER 

FINANCIAL SERVICES SALES REPRESENTATIVE

Промовирани огласи »

Цените на храната на светско ниво се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец лани. Податоците за февруари беа главно собрани пред руската инвазија на Украина, а аналитичарите предупредуваат дека продолжениот конфликт може да има силно влијание врз извозот на жито.

Ова е највисок забележан раст откако ФАО ги следи цените, а најголемо влијание на порастот има поскапувањето на растителните масла и млекото и млечните производи.

Според податоците на агенцијата на ОН, цените на растителното масло пораснале најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари.

Во иднина се очекува рапиднен раст на цените на сонќогледовото масло, затоа што Украина и Русија, две земји инволвирани во конфликт, сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извозен пазар.

Цените на житариците се зголемија за 3,0 отсто на месечна основа, како одраз на скокот на цените на пченката од 5,1 отсто и порастот на цените на пченицата за 2,1 отсто, поттикнати од несигурните залихи низ пристаништата на Црното Море.

Само шеќерот падна за 1,9 отсто од јануари, делумно благодарение на поволните производствени изгледи кај главните извозници во Индија и Тајланд.

Промовирани огласи »

Цените на нафтата и нафтените деривати во земјава и понатаму ќе бидат најконкурентни и најмали во регионот и доколку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за нивно зголемување, уверуваат властите и порачуваат дека државните резерви се полни.

Сите резерви на нафтени деривати и државни и оперативни се полни и испораки се прават редовно. Нема простор за грижа и паника, граѓаните да не паѓаат на шпекулации, истакна министерот за економија Крешник Бектеши при вчерашната посетата на трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата што ќе важат во наредните седум дена. Цената на горивата на светските берзите во изминатата недела постојано расте, а цената на суровата нафта во петокот надмина 120 долари по барел. Сепак, министерот Бектеши уверува дека и да се случи раст на цените тие повторно нема да бидат повисоки од оние во соседните земји.

РКЕ во средата објави дека цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото во првата недела од март е најниска во земјава и изнесува 1,221 евро за литар, а највисока цена плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина,.

Како што тогаш истакнаа од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто.

Кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала. Кај нас се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија.

Просечната цена, пак, на бензинот во регионот е 1,463 евра, а кај нас е пониска за 6,972 отсто.

Сепак во текот на минатата недела некои бензински станици ја ограничија количината гориво што можат да ја набават граѓаните и дозволуваа граѓаните да купат гориво само во вредност од 500 до 1.000 денари.

Како одговор на тоа министерот Бектеши тогаш порача дека нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати.

– За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително и Агенцијата за стокови резерви има нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, рече тогаш Бектеши.

Од најголемиот дистрибутер и продавач на горива во земјава „Макпетрол“ во петокот порачаа дека ќе продолжат да работат без застој и рестрикции.

„Макпетрол“ и во овие особено тешки и комплексни услови поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, ќе продолжи да работи без застој и рестрикции со цел граѓаните и компаниите да функционираат без проблеми, порачаа од компанијата.

Сепак, од компанијата потенцираа дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.

Министерот за економија токму затоа вчера беше на терен за да ги провери шпекулациите дека во маркетите се празнат рафтови, а трговците со нафта и нафтени деривати чуваат резерви со цел да ги продадат по повисоки цени. При тоа порача дека инспекциите постојано вршат контроли и оти нема простор за паника.

Промовирани огласи »

Компаниите почнаа да ја напуштаат Русија. Хајнекен“ соопшти дека ќе запре со испораките на пиво во Русија, „Зара“ ќе ги затвори сите 502 продавници на своите осум бренда, вклучувајќи ги „Бершка“, „Пул енд бер“ и „Страдивариус“, додека платежниот гигант „Пејпел“ објави дека ги укинува своите услуги.

„Самсунг“, најголемиот снабдувач на Русија со смартфони, кажа дека прекинува со испораките поради „геополитичкиот развој“. „Епл“, „ИКЕА“ и „Х&М“ исто така кажаа дека запираат со продажбите во Русија.

Кон бојкотот се придружија и француските луксузни брендови „Ермез“ и „Шанел“, а „ЛВМХ“, кој е сопственик на „Диор“, „Луј Витон“ и „Живанши“, кажа дека ќе ги затвори сите свои 124 бутици низ земјата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »