Промовирани огласи »

Дали сте слушнале дека Македонија има млад нобеловец? Тоа е 20-годишниот Игор Томески од Тетово.

Томески студира филмска и театарска глума и режија во Њујорк. Наградата се доделува од 2002 година. Томески  е засега единствениот  Македонец и втор од целиот регион, што ја добил Нобеловата награда за млади во износ од илјада долари.

Почесното здружение е основано од Кјелс Нобел, внукот на Алфред Нобел – основачот на Нобеловите награди, а негов претседател е Џејмс Левис, co седиште во Атланта, Џорџија.

Како што се наведува во образложението , Македонецот Игор Томески е  двократен добитник на Нобеловата награда за драма, лидерство и визија за  2015 и 2016, за неговото дејствување во областа на филмот и театарот.

По завршување на средното американско училиште во Тетово, добил покана од Клеjс Нобел, внук на Алфред Нобел за прием во Нобеловото здружение за најдобри светски матуранти, основано во 2002-та година.

Станува збор за организација која е основана од истото семејство кое ги спонзорира и стандардните Нобелови награди и кое потпомага млади личности кои имаат направено исклучителни работи во текот на нивното детство.

Тимот на KARIERA.mk му посакува безброј успеси во понатамошното работење и творење !

Промовирани огласи »

Првиот приватен весник во Македонија, денеска за последен пат се најде на трафиките. Згаснуваат и порталите на „Вест“ и на „Утрински Весник“ , дел од групацијата МПМ, кои престанаа да се печатат во април. Стотина новинари и медиумски работници се на улица и со неисплатени плати

Од утре весникот веќе не излегува. Вие сте на одмор, до крајот на месецот ќе се ликвидира фирмата. Заостанатите плати ќе ви бидат исплатени. Ова пред неколку часа менаџментот им го соопштил на вработените во „Дневник“, весникот кој се издава од март, 1996-та година. Вработените останале затекнати и си заминале дома.

Турбуленциите и проблемите во најголемата медиумска групација МПМ под чија капа беа весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински Весник“, неделникот „Теа Модерна“ и порталот „Телеграф“, почнаа пред речиси една година. Новинарите неколку пати излегоа на штрајк.

Кон крајот на април, престанаа да се печатат „Вест“ и „Утрински Весник“ кои продолжија да функционираат како портали со по неколку вработени.

Против поранешните сопственици Керим и Јана Станисављева, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување со образложение дека го намалувале имотот на правното лице со незаконски дејства, а со цел да згаснат дневните и неделни списанија.

Промовирани огласи »

Млада е витка и висока и е единствената чевларка во Македонија. Стои во својата работничка кожна наметка и воопшто не наликува на некој кој што би се бавел со овој занает, ја опишува новинарот на Телеграф.рс, Катерина Микрут од Полска која има своја чевларска работилница во Скопје, пренесува Република.

Таа има 36 гоини и е од Краков, а во Македонија вели дека ја донела љубовта.

По професија сум славист. Во Краков завршив славистика и чешки јазик, а на факултет почнав да учам и македонска јазик. Тука пред околу 10 години ме донесе љубовта. Во брак сум Македонец, Гоце. Прво живееве во близина на Преспанското зезеро, а пред 5 години се преселивме во Скопје.Полскиот ми е мајчин јазик,а студирав чешки, но тука не успеав да најдам работа по струка, па почнав да се бавам со разни креативни работи кои ми беа хоби. Почнав да шијам и плетам и полека да влегувам во светот на модниот дизајн. Со моите креации учествував  и на неколку модни ревии во Скопје, раскажува Катерина за својот живот во Македонија.

Иако нејзините креации биле уникатни, за нив немало пазар тука, па таа сфатила дека од тоа нема да може да живее. Потоа се вработила во една текстилна фабрика.

Дополнителен приход ми беше поправка и изработка на чевли, а на занатот ме научи мајсторот Исмет кој има работилница во старата скопска чаршија и прави чевли од кожа. Потоа се одлучив да си отворам свој дуќан. Многумина се изненадуваат кога ќе видат тука жена и ме прашуваат што ме привлекло во оваа работа. Некои се сомневаат во мене, па често си помислувам дека ако бев машко, ќе имав повеќе работа. Сепак, имам и повеќе од доволно муштерии, вели Катерина.

Таа со својот сопруг Гоце ја имаат ќерката Алисија која понекогаш и прва друштво во работилницата. Како што вели Катерина, нејзините родители во Посла знаат со што се бави тука, и тоа воопшто не им смета.

Промовирани огласи »

Samsung Mobile планира да продаде околу 400 илјади репарирани модели на претходно повлечениот фаблет Galaxy Note 7 кои ќе имаат проверена и обезбедена батерија за да нема никакви проблеми. Затоа се очекува Galaxy Note 7R да пристигне на 7 јули со гласовниот асистент Bixby како главен новитет во однос на оригиналниот модел.

Исто така веќе е потврдена и европската верзија на Galaxy Note 7R што значи дека Samsung се подготвува за голем глобален пласман. За жал новите информации за Galaxy Note 7R откриваат дека неговата цена ќе биде многу повисока од очекуваната и ќе изнесува околу 600 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »