Промовирани огласи »

Samsung Mobile планира да продаде околу 400 илјади репарирани модели на претходно повлечениот фаблет Galaxy Note 7 кои ќе имаат проверена и обезбедена батерија за да нема никакви проблеми. Затоа се очекува Galaxy Note 7R да пристигне на 7 јули со гласовниот асистент Bixby како главен новитет во однос на оригиналниот модел.

Исто така веќе е потврдена и европската верзија на Galaxy Note 7R што значи дека Samsung се подготвува за голем глобален пласман. За жал новите информации за Galaxy Note 7R откриваат дека неговата цена ќе биде многу повисока од очекуваната и ќе изнесува околу 600 евра.

Промовирани огласи »

14.06.2017, Скопје

УТРЕ ЗАПОЧНУВА ФОРУМОТ ЗА ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА И ЕКОЛОШКО ОБРАЗОВАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ГОУ ГРИН

                      Енергетската ефикасност и зелените работни места се неизбежен дел од иднината на Европската Унија, вклучувајќија и Македонија, која има за цел да ја зголеми енергетската ефикасност и учеството на обновливи извори на енергија. Надоврзувајќи се на слоганот на енергетската заедница на Европската Унија „Енергетската ефикасност на прво место!“ и препораката до државите да ги искористат потенцијалите за вработување во градежниот сектор, еколошкото здружение Гоу Грин во четврток 15 јуни во хотел Холидеј Ин во Скопје го организира „Форумот за зелени работни места и еколошко образование“ со почеток во 10 часот.

                      Форумот за зелени работни места и еколошко образование, кој го организираме со поддршка на Европската Унија и Швајцарската амбасада, има за цел да отвори дијалог за потребите на пазарот на трудот во секторот енергетска ефикасност,  да поттикне интерес кај младите за изучување на енергетската ефикасност во рамките на стручното образование и да поттикне вработување во градежниот сектор, вели Антонио Јовановски, извршен директор, Гоу Грин.

                      Според студијата на МАНУ, како дел од „Националните придонеси кон климатските промени на РМ“, изградбата на нови згради по нов стандард за енергетска ефикасност и над градбата на стари згради може да отвори 3,500 нови работни места до 2030 година.

                      „Нашата иницијатива е токму во оваа насока. Не само што енергетската ефикасност ќе отвори илјадници работни места во иднина, туку и моментално побарувачката е висока, а понудата на работна сила е ограничена, што прави голем јазна пазарот на трудот, особено во градежниот сектор. Со овој форум сакаме младите да се заинтересираат за стручното образование и да се информираат за потенцијалот на вработување, особено во делот на имплементација на мерките за енергетска ефикасност. Затоа ги повикувам сите млади да дојдат и активно да учествуваат на овој форум, бидејќи иднината е во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија“, потенцира Јовановски.

                Повеќе информации и целосната програма на форумот може да добиете на www.gogreen.mk

Промовирани огласи »

Наспроти опаѓањето на цената на становите, од НБРМ укажуваат дека состојбата со станбените кредити останува стабилна.

Продолжува трендот на намалување на цената на становите во Скопје. Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во најновиот Квартален извештај предупредува на засилена динамика на падот на вредноста на овие недвижности во главниот град.
Индексот на цената на становите на годишна основа е опаднат за цели 7 отсто во првиот квартал од 2017 година. Од НБРМ сметаат дека ваквите придвижувања се резултат на надолното приспособување на цените на становите во целата земја, а не само во главниот град. Од централната банка очекуваат дека ќе забави изградбата на нови станбени објекти во Скопје, со што би се стабилизирала цената на становите.

Наспроти опаѓањето на цената на становите, од НБРМ укажуваат дека состојбата со станбените кредити останува стабилна.

На страната на побарувачката на станови не се забележуваат позначајни промени, односно и во првиот квартал на 2017 година продолжи солидниот раст на станбените кредити- се вели во Кварталниот извештај. Хедоничкиот индекс на цените на становите се изработува од НБРМ врз основа на огласите за продажба во главниот град, кои се објавени од агенциите што се занимаваат со промет на недвижности.

Промовирани огласи »

Во последно време често се говори дека Албанија е туристичка дестинација која на оние со плиток џеб добро ќе им дојде како замена за дестинаци од кои се откажуваат поради високите цени.

Саранда е град во истоимената покраина на југот од Албанија, има околу 50 000 жители, излегува на Јонското море и е главно албанско пристаниште.

Таа им е омилена на туристите.

Саранда, која е центар на најјужниот округ на Албанија, е просперитетен регион со различни атракции, рамнини и планини, реките и езерата, цитрус насади, маслинови градини и лозја, пасишта и шуми.

Ако сакате да се сместите во приватно сместување во Саранда, најдобро е да го побарате на лице место, бидејќи приватни апартмани тешко се наоѓаат на интернет. За 20 евра од ноќ може да најдете пристоен и уреден апартман поголем од 60 квадратни метри во кој може удобно да се сместат до шест лица.

Сместување во хотел, е нешто поскапо и цените се движат од 18-20 евра во јуни/септември па до 30 евра од ноќ од лице во време на шпицот во хотел со три ѕвездички на 20 метри од плажа со појадок.

Во просек за седумдневен одмор за две лица, во Саранда потребно е да издвоите околу 350 евра, вклучувајќи го превозот, сместувањето и храната.

Официјална валута е лек (1 евро-139 леки), но во сите продавници, кафичи и ресторани примаат и евра, а може да избирате дали за кусур сакате евра или леки.

Што и да одлучите нема да бидете оштетени, бидејќи граѓаните таму добро баратаат со претворање на валути.

Цените на храна во супермаркети се поволни. Според туристи кои биле таму кока кола во лименка чини 60, флаширана вода од 1,5 литри 50. леб 60, макијато во кафе бар 150 леки.

За еден литар дизел потребно е во просек да издвоите 185 леки (1,33 евра). 

Цените во ресторани исто така се пристојни и во главната туристичка улица/шеталиште на плажа може да добиете вечера за најмногу 10 евра по лице.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »