Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари.

Промовирани огласи »

Pazar 3  и Reklama 5 се двете интернет страници за огласување што имаат најмногу сообраќај од корисници. Голем број на огласи од различни категории, секојдневно се регистрираат на pazar 3 и rekalama 5 како најголеми огласници во земјава. Без разлика дали пребарувате по клучен збор, по категорија Автомобили, недвижности,или по локација , pazar 3 и reklma 5 се вистинското место за Вас бидејќи секојдневно се огласуваат голем број на огласи од различни категории.

Како најголемо онлајн место за тргување, Pazar3 Ви овозможува да тргувате на лесен и едноставен начин! Pazar 3 е македонско мрежно место за купување и продавање на производи и услуги. Мрежното место pazar3.mk било пуштено во употреба во летото 2006 година во Ресен. Во декември 2016, страницата броела околу 70.000 посетители и повеќе од 1.600 огласи дневно. Целта на деловниот модел на pazar3.mk e да обезбеди лесно, ефективно и безбедно огласување. Преку Пазар3 физичките лица и претпријатијата од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети и услуги.

Денес Pazar 3 претставува неприкосновен онлајн пазар за Македонските граѓани – 8 од 10 луѓе имаат купено или продадено нешто преку Pazar3 и 99% од сите граѓани знаат за Pazar 3.

Во Reklma5 приватни лица и фирми можат бесплатно да купуваат и продаваат нови и користени продукти како и да нудат услуги. Реклама5 е бесплатна платформа за тргување, исто така служи за презентација на Вашиот бизнис. Ако сакате да продадете автомобил, ако се интересирате за мотори, барате работно место, или сакате да објавите некој настан, нуди категории за речиси сите желби. Rekalama 5 гарантира висок содржински квалитет на објавените огласи. Оттука се проверуваат сите огласи пред објавата. Во просек со над еден милион посетители и вкупно 30 милиони прегледи на страници месечно.

Реклама5 денес е еден од најсилните платформи за тргување во Македонија.

Зачлени се на Pazar3 или Reklama5 и почни да огласуваш се она што сакате да продадете или пак да почнете да пребарувате се она што ви е потребно да го купите!

Промовирани огласи »

Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потврдија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Што се однесува до предложените законски измени кои се во собраниска процедура, од РКЕ велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза стапат во сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во Службен весник, Регулаторна комисија за енергетика веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

Во врска со измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата на Република Северна Македонија поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ.

РКЕ ќе ја вкалкулира намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафетните деривати ќе се намалат.

Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Во врска со амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, министерот нагласи дека секој предлог би требало да се разгледува, но и дека треба да се образложи зошто нешто се предлага, какви би биле фискалните импликации и како тоа би можело да влијае.

Тој и порача на опозициската партија дека сега не е време за политикантство и натпревар.

Сега ние нема да направиме натпревар кој ќе излезе на телевизија и ќе каже колку треба да биде намалувањето. Еве на пример, тие кажале 50 отсто, сега да излезат пратеници или партија која е дел на мнозинството да каже 100 отсто. Ова не е време за натпреварување. Ова не е време за политикантство. Ова е време за носење одржливи одлуки кои ќе бидат во интерес на потрошувачите, во интерес на граѓаните, со цел да влијаеме врз намалување на цените. Прво и основно, кога се откажуваме од акцизите и од ДДВ, ние не се откажуваме од Буџетот на државата. Тој буџет е буџет на граѓаните на Северна Македонија и тие пари кои треба да бидат во приходната страна на Буџетот кои се на граѓаните ние ги носиме кај граѓаните за да нема ценовни шокови за нив, потенцира Бектеши.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »