Дали сте слушнале дека Македонија има млад нобеловец? Тоа е 20-годишниот Игор Томески од Тетово.
Томески студира филмска и театарска глума и режија во Њујорк. Наградата се доделува од 2002 година. Томески е засега единствениот Македонец и втор од целиот регион, што ја добил Нобеловата награда за млади во износ од илјада долари.
Почесното здружение е основано од Кјелс Нобел, внукот на Алфред Нобел – основачот на Нобеловите награди, а негов претседател е Џејмс Левис, co седиште во Атланта, Џорџија.
Како што се наведува во образложението , Македонецот Игор Томески е двократен добитник на Нобеловата награда за драма, лидерство и визија за 2015 и 2016, за неговото дејствување во областа на филмот и театарот.
По завршување на средното американско училиште во Тетово, добил покана од Клеjс Нобел, внук на Алфред Нобел за прием во Нобеловото здружение за најдобри светски матуранти, основано во 2002-та година.
Станува збор за организација која е основана од истото семејство кое ги спонзорира и стандардните Нобелови награди и кое потпомага млади личности кои имаат направено исклучителни работи во текот на нивното детство.
Тимот на KARIERA.mk му посакува безброј успеси во понатамошното работење и творење !