Промовирани огласи »

Во рамки на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност е навремено да го подмирувате данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирување на данокот на имот, средствата од даноците на имот го полнат директно општинскиот буџет со кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти нови проекти за индустриски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите го посветува месец март на навремено информирање на даночните обврзници за подмирување данокот на имот.

За таа цел погледнете го видеото и дознајте повеќе.

Projekti i USAID-it për Përforcimin e kapaciteteve për shfrytëzim të resurseve i bashkohet fushatës "Tatimi im, për komunën time!" dhe ka për qëllim të informojë publikun se pagimi i tatimit në pronë është detyrë e çdo qytetari taksapagues, por në të njëjtën kohë  kontributi  i individit për ndërtimin e një të ardhmeje më të mirë në komunë.

Nëse posedoni pronë në një komunë të caktuar, atëherë ju jeni automatikisht taksapagues me të drejtë ligjore për një vendim për tatim mbi pronën tuaj, por gjithashtu edhe detyrim ligjor dhe obligim personal për të shlyer në kohë tatimin.

Çdo qytetar taksapagues duhet ta dijë se me shlyerje në kohë të obligimit të tatimit në pronë, mbush drejtë për së drejti buxhetin e komunës, përmes të cilit realizohen të gjitha projektet e planifikuara publike dhe të infrastrukturës. Ме këtë, thënë thjesht, secili prej nesh personalisht kontribuon në zhvillimin e komunës, të cilën në të ardhmen do ta zbukurojnë: kopshte të reja, kënde të reja lojërash, rrugë të reja, shkolla të reja, ndriçim i rri, parqe të reja, projekte mjedisore, projekte të reja për zhvillimi ekonomik.

Në muajin mars, projekti i USAID për përforcim e kapaciteteve për shfrytëzim të resurseve i dedikohet informimit me kohë të tatimpaguesve për shlyerjen e tatimit në pronë.

Për të mësuar më shumë, shikoni videon në lidhësen!

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска соопшти дека донеле три одлуки за олабавување на ковид-мерките кои ќе бидат доставени до Кризниот штаб и понатаму до владата. 

Носењето на маски во основните училишта, до деветто одделение не е обврска, односно учениците се ослободуваат од задолжително носење на заштитни маски, освен ако тоа не е нивен личен избор. Во улилиштата обврската останува за наставниците и техничкиот кадар, соопшти д-р Александар Петличковски. 

Втората одлука е капацитетот на исполнетост на затворени објекти, од типот на театри, опери, кина, да биде со исполнетост до 75% и третата препорака од Комисијата е да не се бараат сертификати во отворени угостителски објекти, односно во деловите кои се на отоврен простор, појасни Д-р Петличковски. 

Промовирани огласи »

Рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром почнува на 28 март, ќе трае 50 дена без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.

Како што ТАВ Македонија веќе најави на почетокот на ноември 2021 година, како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, почнувајќи од 28 март до 16 мај 2022 година, во период од 50 дена, компанијата ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

За оваа цел, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје, во текот на овој период, ќе се одвива од 17:00 часот попладне до 9:00 часот наутро, секој ден.

Планирани во консултација со сите чинители и засегнати страни, градежните работи за рехабилитацијата, ќе се изведуваат без затворање на аеродромот и со минимално влијание врз авиосообраќајот.

Рехабилитацијата на пистата значи дека практично ќе го обновиме горниот слој на асфалтот на пистата, па затоа, во текот на овој период, меѓу 9:00ч. и 17:00ч., од 28 март до 16 мај, 2022 година, на пистата ќе се изведуваат градежни работи. Секој ден, во споменатиот временски период, ќе се рехабилитира еден дел од вкупната должина на полетно-слетната патека, со цел аеродромот да остане оперативен, односно, да можеме нормално да ги опслужуваме летовите во текот на останатиот период од денот, од 17:00ч. до 9:00ч. Би сакал да го нагласам следново – скопскиот аеродром нема да биде затворен за време на рехабилитацијата на пистата. Аеродромот ќе биде отворен за патници 24/7, како и секогаш. Како и во текот на целиот период за време на ковид-пандемијата, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродром 3-4 часа пред закажаното време на заминување на нивниот лет, подготвени со потребните документи за патување во однос на ковид, во консултација со авиокомпанијата со која патуваат и со амбасадата на странската земја каде што ќе патуваат", изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Тој објаснува дека ТАВ Македонија ја има донесено одлуката за рехабилитација на пистата на скопскиот аеродром во консултација со сите авиокомпании што летаат од скопскиот аеродром, како и со сите чинители, односно со Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ, како и со сите даватели на услуги.

Целта на ТАВ е градежните работи за рехабилитација да се завршат со минимално влијание врз авиосообраќајот.

Како што објаснија од ТАВ Македонија, кога на еден аеродром се вршат ваков тип рехабилитации или реновирања на писта, има две опции – или аеродромот целосно да се затвори за сообраќај, за одреден период додека се вршат градежни работи, или да се следи модел со кој градежните работи ќе се одвиваат секој ден, во претходно дефиниран период од денот, додека остатокот од денот авиосообраќајот да се одвива нормално.

Ние ја избравме втората опција, иако може да е понапорно за нас, но сакавме да одржиме непречен авиосообраќај за сите клиенти – авиокомпаниите и патниците, велат од ТАВ Македонија.

Би сакал да се заблагодарам на авиокомпаниите и на сите владини институции за нивната блиска соработка во текот на планирањето на овој процес со цел истиот да има минимално влијание врз авиосообраќајот. Ние постојано работиме заедно со сите чинители, со цел да го утврдиме Меѓународниот Аеродром Скопје како најдобар аеродром во регионот во однос на квалитет на услугите и овие инвестиции придонесуваат за долгорочен развој на аеродромот и на македонскиот авиосообраќај, истакнува Батак.

Пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје е долга 2.950 метри и е широка 45 метри. Последната реконструкција на пистата на скопскиот аеродром е направена во 1996 година, кога градежните работи се изведувале во поголема длабочина на асфалтот за разлика од сега, кога само горниот, површински слој од асфалтот ќе се рехабилитира. Тогаш, аеродромот бил затворен 2,5 месеци, а целокупниот сообраќај бил префрлен на охридскиот аеродром.

ТАВ Македонија ги советува патниците редовно да ги следат и проверуваат веб-страниците на авиокомпаниите, со цел да ги видат најновите ажурирања за летовите за нивната сакана дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје во периодот од 28-ми март до 16-ти мај 2022 година.

На веб страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во секцијата "Летови" (Пристигнувања/Заминувања) редовно и во реално време се ажурираат сите информации и евентуалните промени во редот на летање на авиокомпаниите, како што ТАВ Македонија ги добива истите.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител, рече дека помошта за пензионерите и за примателите на гарантираната минимална помош ќе  биде исплаќана директно на трансакциските сметки а не со ваучери. Таа информираше дека со владината одлука околу 330.000 пензионери  и 36.000 домаќинства приматели на гарантирана минимална помош ќе земаат дополнителни 1.000 денари за месеците март, април и мај. Очекува измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што поскоро да ја поминат собраниската процедура, за да може помошта да биде исплатена според најавеното темпо.

Нема да има ваучери, туку по 1.000 денари во  наредните три месеци  пензионерите ќе добиваат на своите трансакциски сметки, заедно со исплатата на пензиите. Овие финансиски средства ќе можат да ги искористат за купување на прехранбени производи, за сметките за струја или за нешто друго. За да стасаат парите што поскоро и до граѓаните кои се приматели на гарантирана минимална помош, исплата по 1.000 денари во наредните три месеци исто така, најверојатно ќе се изврши преку трансакциските сметки, заедно со исплаќањето на правото на ГМП.  Во месеците март, април и мај околу 36.000 домаќинства ќе добијат дополнителни 1.000 денари, како дел од сетот на владините 26 мерки за полесно справување со кризата, во која се наоѓа, не само нашата држава, туку и другите земји во светот.  Доколку исплатата се прави со ваучери, тогаш постапката би траела многу подолго, рече министерката Тренчевска во интервјуто за ТВ Сител.

Тренчевска информираше и за бројот на лицата приматели на  „социјална пензија“.

Со реформите во социјалната заштита од 2019 година го воведовме правото на социјална сигурност за стари лица, популарно наречена социјална пензија. Ова право го користат  граѓаните кои на било кој начин не остваруваат право на пензија, а се материјално необезбедени. По навршувањето на 65 години, овозмоќивме овие лица да се стекнат со правото за социјална пензија. Ова право кое изнесува 6.317 денари,   во моментот го користат 10.028 граѓани во државата, рече министерката Тренчевска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »