Промовирани огласи »

РКЕ вечерва соопшти дека дизелот поевтинува за 3 ,а бензините за 2 денари по литар.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,228 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,521 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,573 отсто и кај дизелот за 5,345 отсто, како и за околу 0,182 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5  проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора од денеска мора да ги прилагодат фискалните апарати.

Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати, велат од УЈП.

Оваа одлука ќе се спроведува од денеска, 17 март, и ќе трае до 31 мај 2022 година.  

Промовирани огласи »

Axapta Masters е компанија – сертифициран Microsoft Gold Partner со искуство во обезбедување на надграба во деловниот процес и технологиите на компаниите – клиенти, применувајќи практични решенија со цел постигнување на најдобри резултати и ефикасност во работењето. Axapta Masters е компанија која на пазарот постои веќе 8 години, работи со клиенти од целиот свет, корисници на Microsoft Dynamics-решенијата и овој октомври официјално го достигна бројот од 100 вработени. Златната 100ка немаше да биде возможна без посветеноста на нашиот тим од вработени, кои се клучни за успехот на компанијата.

Компанијата е основана во 2013, во Скопје, Р.Македонија и во моментот е една од водечките ИТ компании во земјава и регионот, специјализирани за работа со ERP решението на Microsoft – Dynamics AX/Dynamics 365. Axapta Masters ги отвора вратите за младите ентузијасти кои се заинтересирани да учат и да растат додека работат на меѓународни проекти.

Axapta Masters секогаш внимателно ги одбира своите нови членови па така во моментот на сервисот Кариера.мк е застапен со дури 4 различни работни профили кои можете детално да ги разгледате ТУКА.

PROJECT MANAGER

HR MANAGER 

SOFTWARE DEVELOPER - INTERNSHIP 

SUPPORT SPECIALIST

Промовирани огласи »

Твојата фактура за електрична енергија можеш да ја добиваш директно на електронска пошта, навремено секој месец. Пријавувањето е лесно и едноставно! Со EVN Online, добивајте ги фактурите на имејл и плаќајте ги онлајн. Лесно во два чекора. 

EVN Online се интегрирани онлјан услуги за корисниците на ЕВН Хоме за олеснето добивање и плаќање на фактурите за електрична енергија. Целта е да се избегне метежот во експозитурите и филијалите, а воедно и да ни помогне да стигнеме да ги платиме сметките и покрај долгиот напорен работен ден. 

Услуги без регистрација на профил:

  • брзо плаќање на фактури без провизија
  • пријава за добивање на фактури по електронски пат

Услуги со регистрација на Мој ЕВН Хоме:

  • проверка на фактури
  • плаќање на фактури без провизија
  • преземање копија од фактура
  • регистрација на повеќе мерни места на еден профил
  • плаќање на повеќе фактури одеднаш
  • преглед на историја на трансакции

Погледнете неколку видео упатства за сите услуги што ги нуди и како лесно и брзо да ги користите истите! Посетете ги на Youtube каналот https://bit.ly/3cKDuZ0 и најдете го соодветното видео.

Плаќањето сметки може да биде брзо, лесно и безбедно со ЕВН онлајн! 25% од корисниците на ЕВН користат онлајн услуги, почнете и вие! 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »