Промовирани огласи »

Докторката Марија Гњатовиќ од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија, тврди дека еден од соевите на коронавирусот дава најсилен и најстабилен имунитет, споредено со сите други. 

Таа напоменува дека пациентите кои прележале омикрон, а истовремено имаат примено две дози на вакцина, можат да сметаат дека имаат посилен имунитет од оние кои прележале омикрон, а не се вакцинирани или пак, кои прележале друг сој, без разлика дали се вакцинирани или не. 

Според повеќе студии, меѓу кои и истражување на 500 доброволци во Србија, во истиот Институт, се покажало дека имунолошкиот одговор кај оние кои биле изложени на омикрон е доста постабилен споредено со претходните соеви. Според докторката, меѓу испитаниците имало и пациенти кои се заразиле по помалку од шест месеци од целосна вакцинација. 

Според докторката Гњатовиќ, делтакрон има сличен С-протеин како омикрон, па со оглед на сличноста, а и дека голем дел од населението има прележано или делта или омикрон, или и двете, се очекува да биде помалку ризичен за луѓето. 

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,805 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,354 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар кои кај бензините се намалени во просек за 1,048 отсто, а кај дизелот зголемени за 0,668 отсто, како и за 0,059 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден (20.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 434 возачи.

Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 230 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Промовирани огласи »

Од 21 март е отфрлен условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани во Бугарија, досега ограничен, јави дописникот на МИА од Софија.

Од истиот датум, наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко просуство според распоред, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50% од групите, а нема да се дозволи мешање на групи. Предавањата ќе се одржуваат со 50% исполнетост на салите.

И покрај укинувњето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »