Промовирани огласи »

Над една третина од возачите во Германија планираат помалку да возат поради скапите горива. 

Oва е наведено во студијата, која денеска ја објави британската компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци ЈуГов (YouGov). Истражувањето покажа дека 22,9 отсто од испитаниците веќе го оставаат својот автомобил дома, а 12 отсто од нив имаат намера да го користат помалку во иднина. Половина од испитаниците одговориле дека не сакаат да возат „за да штедат“, 16 отсто од нив како главна причина ја наведуваат околината, а 14,9 отсто сакаат повеќе да вежбаат.

Три четвртини од учесниците во истражувањето изјавиле дека до одреден степен зависат од автомобилот, делумно поради малиот број на опции за јавен превоз. Скоро половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.

Руската инвазија на Украина ги зголеми цените на горивата во Германија на рекордно ниво. Сега бензинот чини во просек 2,09 евра за литар, а дизелот 2,16 евра.

Министрите за надворешни работи на Европската унија во понеделникот не се согласија околу тоа дали и како да воведат санкции за профитабилниот енергетски сектор на Русија поради нејзината инвазија на Украина. 

Цената на нафтата од утрово нагло расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден.

Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа ниво под 100 долари. Претходно, барел вредеше 130 долари, но оваа максимална вредност траеше еден ден.

Промовирани огласи »

Владата изгласа пропорционален раст на платите во јавниот и приватниот сектор. 

На денешната 32-ра седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Од месецов, минималецот изнесува 18.000 денари. 

Промовирани огласи »

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари.

Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Промовирани огласи »

„Визер“ најавува постепено повторно отворање 7 линии и воведување 2 нови од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји почнувајќи од март и мај. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра.

Македонците повторно ќе може да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, „Визер“ ќе почне со работа на 2 нови линии: Охрид - Лондон - Лутон и Скопје - Малта. Овие рути се надополнуваат на постојните од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе може да ги користат овие евтини услуги до некои од највозбудливите градови во Европа.

За дополнителна сигурност, „Визер“ им препорачува на патниците да додадат „Виз флекс“ на нивната резервација за дополнителна заштита. Со тоа патниците може да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето, без никаков надоместок и да добијат 100 % од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »