Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERTе глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија,која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли,On boardмрежи, Пластична технологија и Мехатроника.Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40 различни локации.

Во Македонија, во Скопскиот регион, Kromberg & Schubert за своите производствени потреби, вработува до 2.000 работници. Нашата компанија бара кандидат кој ќе стане дел од нашиот тим за следните работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ 

МЕНАЏЕР ЗА ИТ 

МЕНАЏЕР ЗА ИНДУСТРИСКИ ИНЖИНЕРИНГ 

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ 

МЕНАЏЕР ЗА КВАЛИТЕТ 

МЕНАЏЕР ЗА ЛОГИСТИКА 

МЕНАЏЕР ЗА ПРОИЗВОДСТВО 

ВОДАЧ ВО МАГАЦИН 

ТИМ ЛИДЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ-ТАБЛИ 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ 

ТРЕНЕР/ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО 

РАКОВОДИТЕЛ НА ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВО 

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - СКОПЈЕ 

ОДГОВОРЕН ЗА ОДНОСИ СО КЛИЕНТИ ( ОДДЕЛ ЗА КВАЛИТЕТ ) 

КНИГОВОДИТЕЛ 

ИНТЕГРАТОР ЗА ИТ СИСТЕМИ 

ВОДАЧ НА СМЕНА ВО ОДРЖУВАЊЕ

Промовирани огласи »

Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 проценти во однос на одлуката од 25-ти месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788 проценти или за 19,150 $/тон,  кај  дизелот зголемување во просек за 2,412 проценти или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184  проценти или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268 проценти или за 16,200 $/тон. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 проценти повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, наведува РКЕ во образложение на Одлуката.

Промовирани огласи »

Русија би можела да се договори со „пријателските земји“ да ја платат својата енергија во локална валута, рече претставникот на рускиот парламент Павел Завални, сигнализирајќи дека криптовалутите исто така може да се сметаат како инструмент за плаќање.

По рускиот напад на Украина, САД, ЕУ и Обединетото Кралство воведоа санкции кон Русија, што предизвика остар пад на рубљата и ги зголеми трошоците за живот. Но, Русија останува најголемиот светски извозник на природен гас и втор најголем снабдувач на нафта, забележува Би-би-си.

Во средата рускиот претседател Владимир Путин рече дека во иднина ќе им го наплаќа гасот на „непријателските земји“ во рубли, што беше протолкувано како обид за стабилизирање на курсот на руската валута.

Русија ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и по договорени цени, но ќе ја промени валутата на плаќање во рубљи, рече Путин.

Русија состави список на „непријателски земји“, што се совпаѓа со земјите кои и воведоа санкции поради инвазијата на Украина. На листата, меѓу другите, се и САД, членките на ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Претседателот на енергетската комисија на рускиот парламент вчера за Би-би-си изјави дека истражуваат алтернативни опции за плаќање на енергија. Кина и Турција припаѓаат на групата „пријателски земји кои не се вклучени во создавање притисок врз санкциите“, објаснува Завални.

Долго време и предлагаме на Кина да се префрли на плаќања во домашни валути, рубли и јуани. Во трговијата со Турција, валутата на плаќање ќе биде лирата и рубљата. И можете да тргувате и со плаќање со биткоини, додава тој.

Промовирани огласи »

Пред шест години, Инстаграм одлучи да ја отстрани опцијата хронолошки да ги наведува објавите на фидот. Неодамна е најавено дека оваа опција ќе се врати, а сега е имплементирана.

Во 2016 година беше одлучено хронологијата на Инстаграм да замине во историјата, а беше најавено и дека објавите на фидот ќе бидат подредени според интересите на корисниците.

Првите реакции на корисниците не беа онакви какви што сакаа на Инстаграм. Луѓето се пожалија дека 70 отсто од нивните објави не се прикажани и дека често не гледаат што објавуваат нивните пријатели. Тие повикаа на враќање на стариот начин, а на лидерите на Инстаграм им требаа шест години да ги послушаат.

Опцијата за хронолошка листа од вчера е достапна за корисниците на Инстаграм ширум светот. Се разбира, има и одредени ажурирања што можеби ќе ви се допаднат. Можете да им дадете предност во објавите на луѓето чија содржина ве интересира повеќе, а исто така можете да составите листа на омилени, така што само нивните најнови објави ќе бидат прикажани.

Од Инстаграм порачаа дека секогаш сакаат на своите корисници да им овозможат најдобро можно искуство и да им овозможат да гледаат што најмногу ги интересира.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »