Промовирани огласи »

Русија би можела да се договори со „пријателските земји“ да ја платат својата енергија во локална валута, рече претставникот на рускиот парламент Павел Завални, сигнализирајќи дека криптовалутите исто така може да се сметаат како инструмент за плаќање.

По рускиот напад на Украина, САД, ЕУ и Обединетото Кралство воведоа санкции кон Русија, што предизвика остар пад на рубљата и ги зголеми трошоците за живот. Но, Русија останува најголемиот светски извозник на природен гас и втор најголем снабдувач на нафта, забележува Би-би-си.

Во средата рускиот претседател Владимир Путин рече дека во иднина ќе им го наплаќа гасот на „непријателските земји“ во рубли, што беше протолкувано како обид за стабилизирање на курсот на руската валута.

Русија ќе продолжи да испорачува природен гас во договорениот обем и по договорени цени, но ќе ја промени валутата на плаќање во рубљи, рече Путин.

Русија состави список на „непријателски земји“, што се совпаѓа со земјите кои и воведоа санкции поради инвазијата на Украина. На листата, меѓу другите, се и САД, членките на ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина.

Претседателот на енергетската комисија на рускиот парламент вчера за Би-би-си изјави дека истражуваат алтернативни опции за плаќање на енергија. Кина и Турција припаѓаат на групата „пријателски земји кои не се вклучени во создавање притисок врз санкциите“, објаснува Завални.

Долго време и предлагаме на Кина да се префрли на плаќања во домашни валути, рубли и јуани. Во трговијата со Турција, валутата на плаќање ќе биде лирата и рубљата. И можете да тргувате и со плаќање со биткоини, додава тој.

Промовирани огласи »

Пред шест години, Инстаграм одлучи да ја отстрани опцијата хронолошки да ги наведува објавите на фидот. Неодамна е најавено дека оваа опција ќе се врати, а сега е имплементирана.

Во 2016 година беше одлучено хронологијата на Инстаграм да замине во историјата, а беше најавено и дека објавите на фидот ќе бидат подредени според интересите на корисниците.

Првите реакции на корисниците не беа онакви какви што сакаа на Инстаграм. Луѓето се пожалија дека 70 отсто од нивните објави не се прикажани и дека често не гледаат што објавуваат нивните пријатели. Тие повикаа на враќање на стариот начин, а на лидерите на Инстаграм им требаа шест години да ги послушаат.

Опцијата за хронолошка листа од вчера е достапна за корисниците на Инстаграм ширум светот. Се разбира, има и одредени ажурирања што можеби ќе ви се допаднат. Можете да им дадете предност во објавите на луѓето чија содржина ве интересира повеќе, а исто така можете да составите листа на омилени, така што само нивните најнови објави ќе бидат прикажани.

Од Инстаграм порачаа дека секогаш сакаат на своите корисници да им овозможат најдобро можно искуство и да им овозможат да гледаат што најмногу ги интересира.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.03.2022 год. (вторник) започнува етапната исплата на мартовските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид 19.

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 март (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Промовирани огласи »

Американскиот гас, за кој Европа најави дека ќе се увезува како замена за рускиот гас, ќе чини повеќе, бидејќи се користи покомплицирана и поскапа технологија за испорака на гас од САД, изјави уредничката на порталот „Балкан енерџи“, Јелица Путниковиќ.

Таа објасни дека гасот кој пристигнува со цистерни од Америка, Катар или некој друг продавач е поскап од гасот кој пристигнува со гасоводи.

Тоа е едноставно поскапа технологија. Прво, гасот мора да се префрли во течна состојба, потоа да се транспортира, патувањето да трае, а кога ќе стигне до некое пристаниште во Европа, да се врати во гасна состојба - истакна Путнковиќ.

На прашањето дали САД ќе имаат 15 милијарди кубни метри гас за Европа до крајот на оваа година, каков е договорот, Путниковиќ рече дека сега прашање е колку Џо Бајден има потврда од американските компании, кои веќе имаат договорено продажба на нивната енергија и дали ќе можат толку брзо да го зголемат производството.

Тој наведува и дека прашање е дали азиските земји ќе понудат подобри цени поради зголемената побарувачка на енергенси во светот, а особено во Азија и без кризата во Украина.

Ниту една приватна компанија нема да му продаде на ниту еден европски купувач поевтино ако може поскапо да го продаде тој гас во Азија - рече Путниковиќ.

Запрашан дали тоа ќе биде проблем затоа што рускиот претседател Владимир Путин сега бара гасот да се плаќа во рубљи, Путниковиќ потсети дека Иран постојано се соочува со одредени санкции поради неговата нуклеарна програма и дека некои земји ја купувале неговата нафта и плаќале во злато.

Ако некој сака да купи стока, ќе најде начин да ја заврши трансакцијата и тоа не треба да биде проблем - смета Путниковиќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »