Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.03.2022 год. (вторник) започнува етапната исплата на мартовските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид 19.

Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 март (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Промовирани огласи »

Американскиот гас, за кој Европа најави дека ќе се увезува како замена за рускиот гас, ќе чини повеќе, бидејќи се користи покомплицирана и поскапа технологија за испорака на гас од САД, изјави уредничката на порталот „Балкан енерџи“, Јелица Путниковиќ.

Таа објасни дека гасот кој пристигнува со цистерни од Америка, Катар или некој друг продавач е поскап од гасот кој пристигнува со гасоводи.

Тоа е едноставно поскапа технологија. Прво, гасот мора да се префрли во течна состојба, потоа да се транспортира, патувањето да трае, а кога ќе стигне до некое пристаниште во Европа, да се врати во гасна состојба - истакна Путнковиќ.

На прашањето дали САД ќе имаат 15 милијарди кубни метри гас за Европа до крајот на оваа година, каков е договорот, Путниковиќ рече дека сега прашање е колку Џо Бајден има потврда од американските компании, кои веќе имаат договорено продажба на нивната енергија и дали ќе можат толку брзо да го зголемат производството.

Тој наведува и дека прашање е дали азиските земји ќе понудат подобри цени поради зголемената побарувачка на енергенси во светот, а особено во Азија и без кризата во Украина.

Ниту една приватна компанија нема да му продаде на ниту еден европски купувач поевтино ако може поскапо да го продаде тој гас во Азија - рече Путниковиќ.

Запрашан дали тоа ќе биде проблем затоа што рускиот претседател Владимир Путин сега бара гасот да се плаќа во рубљи, Путниковиќ потсети дека Иран постојано се соочува со одредени санкции поради неговата нуклеарна програма и дека некои земји ја купувале неговата нафта и плаќале во злато.

Ако некој сака да купи стока, ќе најде начин да ја заврши трансакцијата и тоа не треба да биде проблем - смета Путниковиќ.

Промовирани огласи »

Во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерстко инженерство – ФИНКИ, од денеска до недела, ќе се одржува гејминг настан „MESA Spring Fest“ на кој учесниците ќе се натпреваруваат во две видео-игри „Counter Strike: Global Offensive“ и „League of Legends“.

-По подолга пауза предизвикана од КОВИД19 пандемијата, гејминг настаните почнуваат делумно да се нормализираат со цел натпреварувањата да се одвиваат со физичко присуство. „MESA Spring Fest“ е организиран согласно протоколите за превенција на КОВИД-19. Покрај можноста за гледање на овие натпревари во живо, борбата помеѓу играчите ќе се пренесува ѝ на најголемата интернет платформа за стриминг Twitch.tv, информира Македонската Еспорт асоцијација – МЕСА. ки/дма/

Промовирани огласи »

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара квалитетна инвестициска политика, но за жал, во таа работа грешките се многу чести. За да ги избегнете, дознајте кои пропусти се најчести:

Не вложувајте без дефинирани основни правила

Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција на ризик, целта на вложувањето и временскиот хоризонт. Доколку не ги дефинирате основните правила на вложување, ќе ви биде многу тешко, ако не и невозможно да изградите портфолио кое ќе ви ги даде саканите резултати.

Не ја префрлувајте одговорноста на друг

Парите што ги вложувате се ваши, како и имотот, односно акциите. Никој освен вас не треба да одлучува за тоа дали треба да купите или продадете акции, односно дали парите да ги штедите или да ги инвестирате во некој фонд. Доколку премногу се потпирате на другите, секогаш ризикувате да изгубите пари дури и кога не сте морале.

Не губете пари

Опоравувањето од неуспешно инвестирање може да трае со години, затоа не го игнорирајте штедењето или оние инструменти на инвестирање кои носат помала добивка, но ви пружаат далеку посигурна инвестиција.

Не се концентрирајте на една класа имот

Освен ако немате посебно одредена инвестициска цел, распоредувањето е клуч за изработка успешно портфолио. Вложувањето во различни класи имот (штедење, акции, пензиски фондови) го намалува ризикот од голема загуба. Причината е едноставна, ако на една инвестиција губите, на друга заработувате.

Не ги инвестирајте сите пари во една индустрија

Мора да се погрижите вашите инвестиции да претставуваат широк дел на берзата. Многу инвеститори прават грешка нагласувајќи го премногу своето портфолио на многу видливи сектори. Треба да имате разноликост во своето портфолио, но морате да направите разлика меѓу активно и пасивно вложување.

Не инвестирајте долгорочно во акции со “добра приказна”

Една од најчестите грешки што ги прават инвеститорите е тоа што долгорочно инвестираат во акции на претпријатија чиј раст се очекува на основа на “приказна”. Ако, на пример, некоја компанија најавува нов производ или инвестиции, таа приказна можеби ќе ја поткрене цената на акциите на краток период. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека само на основа на приказна цените долгорочно ќе растат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »