Промовирани огласи »

Правењето портфолио што ќе ви ја донесе саканата добивка бара квалитетна инвестициска политика, но за жал, во таа работа грешките се многу чести. За да ги избегнете, дознајте кои пропусти се најчести:

Не вложувајте без дефинирани основни правила

Пред да инвестирате и еден денар, морате да ја дефинирате својата толеранција на ризик, целта на вложувањето и временскиот хоризонт. Доколку не ги дефинирате основните правила на вложување, ќе ви биде многу тешко, ако не и невозможно да изградите портфолио кое ќе ви ги даде саканите резултати.

Не ја префрлувајте одговорноста на друг

Парите што ги вложувате се ваши, како и имотот, односно акциите. Никој освен вас не треба да одлучува за тоа дали треба да купите или продадете акции, односно дали парите да ги штедите или да ги инвестирате во некој фонд. Доколку премногу се потпирате на другите, секогаш ризикувате да изгубите пари дури и кога не сте морале.

Не губете пари

Опоравувањето од неуспешно инвестирање може да трае со години, затоа не го игнорирајте штедењето или оние инструменти на инвестирање кои носат помала добивка, но ви пружаат далеку посигурна инвестиција.

Не се концентрирајте на една класа имот

Освен ако немате посебно одредена инвестициска цел, распоредувањето е клуч за изработка успешно портфолио. Вложувањето во различни класи имот (штедење, акции, пензиски фондови) го намалува ризикот од голема загуба. Причината е едноставна, ако на една инвестиција губите, на друга заработувате.

Не ги инвестирајте сите пари во една индустрија

Мора да се погрижите вашите инвестиции да претставуваат широк дел на берзата. Многу инвеститори прават грешка нагласувајќи го премногу своето портфолио на многу видливи сектори. Треба да имате разноликост во своето портфолио, но морате да направите разлика меѓу активно и пасивно вложување.

Не инвестирајте долгорочно во акции со “добра приказна”

Една од најчестите грешки што ги прават инвеститорите е тоа што долгорочно инвестираат во акции на претпријатија чиј раст се очекува на основа на “приказна”. Ако, на пример, некоја компанија најавува нов производ или инвестиции, таа приказна можеби ќе ја поткрене цената на акциите на краток период. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека само на основа на приказна цените долгорочно ќе растат.

Промовирани огласи »

Поради актуелната геополитичка ситуација, Audi е принуден да го прекине производството. 

Во писмото до пратениците, кое било доставено од германскиот производител на автомобили до списанието Automobilwoche, Audi вели дека „ќе го запре производството на одредени локации“. Не е соопштено колку долго, но е кажано дека паузата „ќе трае со денови или недели“.

На удар се бројни модели, па проблемите со снабдувањето на пазарот секако ќе ги погодат A4, A5, A6, A7, TT, Q7 и Q8. Audi ги предупредува дилерите да бидат подготвени за „значително подолги листи на чекање“ за гореспоменатите модели.

Audi треба да започне со производство на A4, A5, A6 и A7 на почетокот на април, додека TT, Q8 и Q4 e-tron би можеле да се вратат во производство дури во втората половина на месецот, во намалени количини. Automobilwoche додава дека A1, A3, Q2 e-tron, Q5 и A8 се само минимално погодени од ситуацијата.

Да потсетиме, групацијата VW, а со тоа и Audi, е во голема мера зависна од производството на делови за кои е одговорна германската компанија со производствени капацитети во Украина.

Промовирани огласи »

На колку работни места имате аплицирано во последниот период? На колку интервјуа бевте повикани до сега? Доколку одговорот на овие прашања ве загрижува, KARIERA.mk е тука да го олесни твојот пат до работната позиција од соништата! Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.

ПАВ МОТИВИ работи во партнерство со своите клиенти и комбинација на доверливи високо квалификувани кандидати со кои преку специјални извори се обидува да испорача одлични работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени позиции. Мотиви во моментов за потребите на своите клиенти, е во потрага по:

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН (ТЕТОВО)

ADVISOR (GERMAN SPEAKING) 

SALES REPRESENTATIVE 

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН - СКОПЈЕ

ВЕБХЕЛП КОМПАНИ ДООЕЛ вработува CLIENT ADVISOR. Сите заинтересирани кандидати потребно е да достават своја кратка биографија на ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ТУКА.

ВОКС ТЕНЕО МАКЕДОНИЈА вработува во ИТ индустријата на следниве работни позиции:

MID .NET DEVELOPER

SYSTEM ADMINISTRATOR AND SUPPORT SPECIALIST 

SCRUM MASTER

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли, On-boardмрежи, Пластична технологијаи Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40различни локации. Види ги сите работни места ТУКА.

На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотел DOUBLE TREE BY HILTON SKOPJE вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути. Нашиот хотел во Скопје нуди флексибилен функционален простор 22.000 квадратни метри, вклучувајќи елегантна балска сала со природно светло, простории за состаноци и сала за состаноци. DoubleTree by Hilton Skopje врaботува: ЕЛЕКТРИЧАРКЕЛНЕР/КА И ПОМОШНИК КЕЛНЕР/КА , ХИГИЕНИЧАР/КА 

МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија.Присутни сме во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија ,Кина,Германија,Србија итн. Во МЕРЕ маркетите главниот акцент е ставен на директната соработка со произведувачите кои можат да понудат одличен квалитет по ниски цени . Ниските цени се тоа што со сигурност може да го добиете кај нас. Разгледај ги сите работни места во ТУКА. 

Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Агент во контакт центар за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити. Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да поседува мулти таскинг вештини применувајќи ги преку исклучителна услуга на клиенти. МЕНАЏЕР ВО ФИЛИЈАЛА СКОПJЕ

Вграден врз силното искуство во производствениот сектор, што основачите го развија во Шведска за време на глобалното проширување на 90-тите години, LEORON еволуираше во сеопфатен институт за обука, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни функции, вклучително и корпоративни финансии, човечки ресурси, SCM, операции , и инженеринг. 

SENIOR GRAPHIC DESIGNER

INTERNATIONAL TRAINING CONSULTANT 

SOCIAL MEDIA SPECIALIST 

HR COORDINATOR

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.  Алма-М објавува ОГЛАС за следниве работни позиции

Глас Флекс ДООЕЛ Тетово - фабрика за преработка на стакло во ТИРЗ ТЕТОВО, Желино има потреба од 6 работни позиции. Види ги сите ТУКА.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН 

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

Сите активни огласи во моментов погледни ги на KARIERA.mk 

Промовирани огласи »

Ако сте природен лидер кој бара нови предизвици, размислувате да станете сам свој газда. Да се има нагон и ентузијазам да се туркате себеси да преземете нови можности и да им помагате на другите е токму она што ви треба за да станете успешен претриемач. Дали сте вие еден од тие? Одговорот подолу!

1. Го ставате во прашање статус квото

Дали понекогаш се чувствувате непријатно затоа што се чувствувате како да го гледате светот малку поинаку од ругите луѓе? Дали постојано ги преиспитувате работите? „Зошто ги правиме работите на овој начин? „Зарем не би било поефикасно ако ги правиме работите поинаку? „Која е поентата да се прави ова? Преиспитувањето на статус кво може да ги иритира родителите, наставниците и шефовите, но тоа е сигурен знак за претприемачки дух.

2. Верувате во подобра иднина

Дали чувствувате дека секогаш можете да заработите повеќе пари, да најдете нови можности и некако да напредувате? Дали сте оптимисти, дури и кога другите се обидуваат да ве убедат дека нешто е „безнадежно“, „бесмислено“ или „никогаш нема да успее“? 

3. Сакате да учите

Дали верувате во „ти си тоа што си“ и не можеш да се промениш? Или мислите дека можете да пораснете и да се промените во кој и да сакате да бидете? Луѓето со претприемачки дух знаат дека можат да научат сè - без разлика дали тоа е маркетинг, програмирање или пак менаџирање.

4. Се стремите кон личен раст

Дали секогаш се обидувате да се подобрите? Дали читате книги за размислување, слушате мотивациони подкасти или гледате инспиративни видеа? Ако е така, веројатно имате силен претприемачки дух.

5. Не се плашите од неуспех

Ако живеете според изреката: „Неуспехот е само повратна информација“, веројатно имате многу силен претприемачки дух.

6. Преземате ризици

Дали луѓето ве сметаат за човек кој презема ризици, додека вие се сметате себеси за претпазливи? Претприемачите често се сметаат за несовесни или храбри за преземање на такви застрашувачки ризици. Меѓутоа, кога ќе бидат прашани за овие ризици, тие обично ќе имаат добро осмислена причина за преземање на скокот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »