Алма - М ДООЕЛ
ЕМБС: 5236550
Индустрија: Трговија
Адреса: ул. Качанички Пат бр. 65а
Град: Скопје
Основана во 1991
Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите од реномираната компанијата WRIGLEY. Во 1999 год. Алма-М се проширува на територијата на Р.Косово со седиште во Приштина за кaде го добива правото за увоз и дистрибуција и продажба на WRIGLEY производите и за Р Косово.
Во Октомври 2004 год. Aлма-М склучи договор со тогашен МобиMак денешен T-Mobile со кој се овластува да биде Master Dealer за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на Р. Македонија.
Во 2005 год. градењето на партнерски однос продолжува и со компанијата Македонски Телекомуникации, сегашен Т-Home.
Во 2006 год. Алма-М стана дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија.
Во 2010 год. ja превзема дистрибуцијата на Nestle Icecream во Македонија.