Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи. Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk лансира нов продукт кој значително ќе помогне во процесот на вработување на секој кој е во потрага по ново работно место. МојаКАРИЕРА е корисничка картичка која е наменета за сите луѓе кои се во интензивна потрага по работа во регионот. При активација на картичката секој клиент се стекнува со дополнителни бенефиции кои ќе го олеснат патот кон вработување.

Ве препорачуваме кај компаниите!

МојаКАРИЕРА картичката нуди две верзии, при кои секој потенцијален клиент може да одбере какви дополнителни услуги му се потребни на патот кон своето ново работно место. Имено при активација на картичката, клиентот може да одбере МојаКАРИЕРА основна картичка и МојаКАРИЕРА PRO картичка.

Со основната картичка, која е бесплатна опција, секој клиент со прикачување на своето CV добива и опција за автоматско предложување пред компаниите со кои има исти или слични интереси. На пример, доколку еден апликант одбере интереси во областа на административното работење, неговото CV ќе биде мечирано со соодветни компании кои се во потрага по административни работници.

Ви помагаме да го креирате вашето професионално CV!

Доколку клиентот одбере картичка МојаКАРИЕРА PRO, по промотивна цена од 290 ден. добива и дополнителна услуга за професионална проверка на неговото CV пред да биде предложен кон соодветните работодавци. На овој начин секое CV ќе изгледа комплетно и апликантите ќе добијат самодоверба дека нивната апликација изгледа одлично!

Ќе имате пристап до екслузивни содржини!

Со MojaKARIERA PRO картичката добивате стручни текстови за кариерен развој, правни совети, темплејти кои може да бидат корисни при процесот на вработување или пак давање отказ од петходното работно место и дополнителен гратис ваучер од 600 ден. за промовирање на огласи за продажба на автомобили, недвижности, екектроника или нешто друго на KARIERA.mk.

Оваа картичка ќе биде големо освежување на пазарот на труд и воедно сметам дека е значителна помош за сите луѓе кои се во потрага по работно место подолг период. Пред се, оваа картичка е наменета за млади луѓе на кои им е потребна помош и кои се со желба за промени и инвестирање во своите знаења и иднина! - Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk

За да ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка, истото можете да го сторите на следниот линк.

Посакуваме успешно и побрзо вработување за секој потенцијален апликант на KARIERA.mk !!!

Промовирани огласи »

Најголемата европска економија покажа зголемени знаци на слабост во последните месеци. Во последниот квартал од минатата година германскиот БДП падна за 0,7 отсто, нивниот јавен долг се зголеми на 69,3 отсто, што е за 10 процентни поени над границата од Мастрихт, инфлацијата се искачи на цели 7,3 отсто. Сега се најавува дополнително драстично зголемување на цените.

Малопродажниот германски синџир Aldi најави дека очекува цените на храната да пораснат за 20 до 50 отсто во следните неколку недели.

Портпаролот на компанијата изјави дека продажните цени ќе се зголемат најмногу таму каде што навистина има „висок притисок на трошоците“.

Ние ќе продолжиме да не прифаќаме зголемени барања од производителите и добавувачите кои не се оправдани со зголемените трошоци. Бидејќи исто така гледаме дека нашата задача како трговци на мало е да го спречиме растот на цените во интерес на нашите клиенти, вели тој.

Во меѓувреме, уште еден поголем трговски ланец најави повисоки цени, а тоа е германскиот гигант REWE, кој ги поседува и Била, Била плус, БИПА и дисконтот Пени во Австрија.

Промовирани огласи »

Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берзата, поради големата флуктуација на цените, изјави заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р. Кочо Анѓушев.

Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од сопствено производство. Само производителите можат да дадат гарантирана фиксна цена во одреден период, се друго е проблематично, вели Анѓушев.

Тој потенцира дека македонската економија троши 400 мегавати електрична енергија и доколку некој сака да обезбеди годишна цена или да има годишни договори на со фиксни цени, единствена можност е тоа да се направи е преку берзата, но за да се работи преку берза потребно е да се купи струјата за една година однапред.

Мора да сме свесни дека, за македонската економија да може некој да ја гарантира цената или да ја кредитира по фиксна цена однапред, потреби се околу една милијарда евра фиксна сума денеска. Но не постои субјект што тоа може да го обезбеди. Затоа сите нудат ХИПЕКС цени и обезбедуваат електрична енергија врзана со плаќања кои ги сведуваат снабдувачите на брокери. Во меѓувреме индустријата има проблем што не може да ги формира цените на своите производи, бидејќи кога има варијабилна цена на некој од компонентите кои влегуваат во цената на чинење на производот на дневно ниво, не можете да се формира стабилна цена на производ, смета Анѓушев.

Според него, во овој момент во услови на раст и дневно флуктуирање на цената на електричната енергија на берзата, најпогодени се компаниите кои во цената на производот имаат значаен удел не електричната енергијата, како што е случај со металургијата каде струјата учествува со околу 40 до 50 отсто или во металната индустрија каде учеството е околу 15 проценти, но и во други значајни дејности кои имаат сериозен удел во домашната економија и креирањето на БДП.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »