Промовирани огласи »

Не постои друг начин како да се обезбеди поевтина струја во овој момент освен по пазарна цена на берзата, поради големата флуктуација на цените, изјави заменик-претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседателот на Македонската енергетска асоцијација, проф. д-р. Кочо Анѓушев.

Никој не се осмелува да даде фиксна цена за подолг временски период и таквата состојба ќе продолжи и во одреден период, се додека практично не се создаде ситуација во која ќе може да се нуди електрична енергија од сопствено производство. Само производителите можат да дадат гарантирана фиксна цена во одреден период, се друго е проблематично, вели Анѓушев.

Тој потенцира дека македонската економија троши 400 мегавати електрична енергија и доколку некој сака да обезбеди годишна цена или да има годишни договори на со фиксни цени, единствена можност е тоа да се направи е преку берзата, но за да се работи преку берза потребно е да се купи струјата за една година однапред.

Мора да сме свесни дека, за македонската економија да може некој да ја гарантира цената или да ја кредитира по фиксна цена однапред, потреби се околу една милијарда евра фиксна сума денеска. Но не постои субјект што тоа може да го обезбеди. Затоа сите нудат ХИПЕКС цени и обезбедуваат електрична енергија врзана со плаќања кои ги сведуваат снабдувачите на брокери. Во меѓувреме индустријата има проблем што не може да ги формира цените на своите производи, бидејќи кога има варијабилна цена на некој од компонентите кои влегуваат во цената на чинење на производот на дневно ниво, не можете да се формира стабилна цена на производ, смета Анѓушев.

Според него, во овој момент во услови на раст и дневно флуктуирање на цената на електричната енергија на берзата, најпогодени се компаниите кои во цената на производот имаат значаен удел не електричната енергијата, како што е случај со металургијата каде струјата учествува со околу 40 до 50 отсто или во металната индустрија каде учеството е околу 15 проценти, но и во други значајни дејности кои имаат сериозен удел во домашната економија и креирањето на БДП.

Промовирани огласи »

Според информациите на ЕВН Македонија,  утре без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од Центар, Карпош и село Шишево.

Во соопштението на Центарот за управување со кризи се вели дека утре во периодот од 08.30 до 14.00 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица „Борка Талески“ на потегот помеѓу улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, на улица „Дебарца“ помеѓу улиците „Ленинова“ и „Никола Тримпаре“ и на улица „Никола Тримпаре“ помеѓу улиците „Мирослав Крлежа“ и „Дебарца“.Во период, пак, од 09.00 до 10.00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во локалите на булевар „Партизански Одреди“ број 88, влез 2 во населбата Карпош 4, а во период од 09.00 до 14.00 часот и дел од корисниците од село Шишево во Општина Сарај.

Во период, пак, од 09.00 до 10.00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во локалите на булевар „Партизански Одреди“ број 88, влез 2 во населбата Карпош 4, а во период од 09.00 до 14.00 часот и дел од корисниците од село Шишево во Општина Сарај.

Промовирани огласи »

Нискубуџетната компанија Виз Ер планира во текот на следниот период да започне да лета од Скопје до Марибор, поврзувајќи ги Македонија и Словенија со директна линија. Директната линија се воведува повторно по затворањето Адрија Ервејс во 2019 година.

Како што пренесува словенскиот портал Сиера 5, државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и администрација на Словенија најавил дека линијата ќе биде промовирана наскоро, бидејќи Виз Ер сакаат во Марибор да биде стациониран авионот кој претходно беше во Украина. Словенскиот министер за инфраструктура и урбанизам потврди дека имало разговори со Визер за воведување на линијата Скопје - Марибор, но истакна дека наскоро треба да се постигне конечен договор.

Пред неколку денови, Виз Ер која е најбрзорастечката авиокомпанија во Европа, најави постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Новите линии се однесуваат на Лутон кој ќе биде поврзан со Охрид и втората линија е Скопје - Малта. 

Промовирани огласи »

По серијата ветувања дадени минатата година, „Instagram“ лансираше неколку нови функции за пораки, како што е „DM“ (директна порака).

Промените вклучуваат можност за испраќање „тивки“ пораки, прегледување на профили кои се онлајн и подготвени за разговор, опција за одговарање на пораки додека сурфате на „feed“ и многу повеќе.

Овој потег, според „Meta“, е дел од поголемите напори за подобрување на поврзувањето и споделување содржина со пријателите. Функциите доаѓаат и во средината на враќањето на хронолошкиот „feed“, пишува „Tech Crunch“.

Новите додатоци почнуваат да ги интегрираат „Apple Music“, „Amazon Music“ и наскоро „Spotify“, што ќе им овозможи на корисниците да споделуваат фрагменти од песни од 30 секунди во разговор. Апликацијата исто така ќе ви овозможи да одговарате на пораки додека сте во „feed“ без да мора да одите во вашето сандаче.

Третата опција е брзо поднесување, која им овозможува на корисниците брзо да споделуваат објави со држење на копчето за споделување.

Четвртата е статусот што ќе ги прикаже онлајн луѓето со кои можете да разговарате. Петтата опција се „тивките“ пораки кои се испраќаат со префикс „@silent“, а има и можност за правење анкети.

„Instagram“ најавува дека овие функции ќе станат активни за корисниците во „одбрани земји“, но дека подоцна ќе бидат достапни за сите

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »