Промовирани огласи »

По серијата ветувања дадени минатата година, „Instagram“ лансираше неколку нови функции за пораки, како што е „DM“ (директна порака).

Промените вклучуваат можност за испраќање „тивки“ пораки, прегледување на профили кои се онлајн и подготвени за разговор, опција за одговарање на пораки додека сурфате на „feed“ и многу повеќе.

Овој потег, според „Meta“, е дел од поголемите напори за подобрување на поврзувањето и споделување содржина со пријателите. Функциите доаѓаат и во средината на враќањето на хронолошкиот „feed“, пишува „Tech Crunch“.

Новите додатоци почнуваат да ги интегрираат „Apple Music“, „Amazon Music“ и наскоро „Spotify“, што ќе им овозможи на корисниците да споделуваат фрагменти од песни од 30 секунди во разговор. Апликацијата исто така ќе ви овозможи да одговарате на пораки додека сте во „feed“ без да мора да одите во вашето сандаче.

Третата опција е брзо поднесување, која им овозможува на корисниците брзо да споделуваат објави со држење на копчето за споделување.

Четвртата е статусот што ќе ги прикаже онлајн луѓето со кои можете да разговарате. Петтата опција се „тивките“ пораки кои се испраќаат со префикс „@silent“, а има и можност за правење анкети.

„Instagram“ најавува дека овие функции ќе станат активни за корисниците во „одбрани земји“, но дека подоцна ќе бидат достапни за сите

Промовирани огласи »

За 54 отсто поскапуваат струјата и гасот во Велика Британија.

Државниот енергетски регулатор вчера ја зголеми ценовната граница за 54 отсто, што е најголемиот таков скок од 2017 година. 

Двојно ќе се зголеми бројот на домаќинствата кои „се мачат да си ги платат сметките“. Во Британија наскоро би можеле да има 5 милиони такви семејства, пишува CNN.

Природниот гас во Бугарија за април поскапува за повеќе од 25 отсто, одлучи Комисијата за регулирање на вода и електрична енергија. Главната причина е зголемувањето на цените за испорака на меѓународните пазари, пренесе БНТ.

Енергетска криза го тресе светот. Европа е зависна од руската гас, а сега се бараат алтернативи. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка, со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за околу еден процент.

Дизелот и екстра лесното поевтинуваат, бензините со иста цена. Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка, со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за околу еден процент.

Од полноќ, литар Дизел ќе се точи за 83,5 денари, Екстра лесното ќе се продава за 79,5 денари, Бензинот од 95 октани останува со цена од 83,5 денари за литар, а два денари поскап е бензинот од 98 откани.

Промовирани огласи »

Работното место може да биде средина која е и забавна и продуктивна за вработените. Еве неколку мали интересни совети како да го направите напорниот работен ден позабавен, а со тоа и попродуктивен.

1. Организирајте канцелариски спортски тим

2. Украсете го канцеларискиот простор

3. Споделете шеги со вашите соработници

4. Испратете рачно напишани пораки на нечие биро

5. Прославете ги родендените на вработените

6. Дозволете миленици во канцеларија

7. Натерајте ги сите да се соберат за групна фотографија

8. Одвјоте пет минути и убаво размрдајте се

9. Облечете се убаво како да е некој посебен ден

10. Поканете некој од новите колеги на ручек за време на паузата

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »