Промовирани огласи »

Не постои такво нешто како ,,роден продавач''. Одличните претставници за продажба прават продавањето да изгледа лесно, но нивните супериорни перформанси обично укажуваат на тоа дека продавачот одвоил време да ги усоврши своите вештини и постојано се подобрува за да им помогне на потенцијалните клиенти. Без разлика дали сте нови во оваа област или сакате едноставно да ги подобрите своите вештини, прочитајте за да откриете стручни совети како да станете претставник за продажба и како да бидете добар продавач.

1. Читајте книги за продажба

Читањето книги е особено вреден совет за идните професионалци во продажбата. Достапни се многу продажни книги на широк спектар на теми, од развивање на претприемачки начин на размислување и психолошки и бихејвиорални аспекти кои влијаат на успехот во продажбата. Изберете што најмногу одговара на вашите потреби и прочитајте за да научите од искусни професионалци за тоа како да ги развиете своите вештини и да ги искористите оние што веќе ги имате.

2. Посетете воведни курсеви

Ако се надевате на потрадиционална програма за обука за продажба, посетете воведни курсеви за продажба на локален универзитет. Многу образовни институции нудат бизнис часови за развој на продажба, а можете да научите од искусни професионалци за да започнете да ги развивате вашите вештини.

3. Продавајте на вистинските луѓе

Не смеете да делувате очајно пред купувачот. Hему не му е битно дека вие морате да го продадете производот за да остварите одредена цел или поени. Ако му треба производот, купувачот ќе го купи и без многу убедување.

4. Не претерувајте со понудата

Добриот продавач не смее да ги иритира купувачите. Претераната настојчивост не вродува со успешна продажба. Бидете упорни, но не ја преминувајте линијата.

5. Идентификувајте и држете се до потребите на вашите купувачи

Јасно дефинираната личност и потреби на купувачот се клучни за ефективен процес на продажба. И, претставник за продажба кој се држи до таа личност е ефикасен во генерирањето на продажбата. Во спротивно, продавачот може да се врати на тактиките „молење на купувачот“ што резултира со неефикасно продавање.

6. Знајте го вашиот производ.

Да можеш да продадеш е половина од работата. Разбирање на она што го продавате е другата половина.

7. Вежбајте активно слушање

Успешните продавачи се целосно присутни кога разговараат со потенцијалните клиенти. Тие не размислуваат за друга зделка, тие се ангажирани - и како резултат на тоа, нивните разговори со купувачите се подлабоки и позначајни.

Промовирани огласи »

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја прави пресметката на синдикалната минимална кошничка.

Од почетокот на годинава е зголемена за 1.000,00 денари, а во однос на претходната година во месец март е зголемена за 3.000,00 денари.

Најголемо зголемување има кај исхрана и пијалоци и кај превозот, што значи си продолжува растот на истата, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од синдикалната минимална кошничка се за превоз, облека и за здравствени услуги. И Државниот завод за статистика денеска излезе со најнови податоци за трошоците на живот и цените на мало.

Според статистичките податоци, во март инфлацијата изнесува 8,8 проценти во однос на март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари, има зголемување за 1,6 проценти кај трошицте на живот и за 1,5 проценти кај цените на мало.

Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 82, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 78 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,662 денари.

Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со  Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа.

Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра. 

Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »