Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 82, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 78 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,662 денари.

Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со  Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа.

Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра. 

Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика информира дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството додаваат дека, во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, појаснуваат од МТСП.

Нагласуваат дека сите предучилишни установи треба да го почитуваат Законот, Уставот на Република Северна Македонија и Конвенцијата за правата на детето и да го организираат згрижувачко воспитниот процес.

Промовирани огласи »

Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот.

Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари.

Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон).

Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари.

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет.

Според 34-то годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »