Промовирани огласи »

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.

Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.

Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи. 

Промовирани огласи »

Културата на работното место диктира како вработените се однесуваат, донесуваат одлуки и комуницираат едни со други додека се во канцеларија. Излишно е да се каже, но таа има големо влијание врз тоа како тие ја извршуваат работата и како се чувствуваат секој ден.

Позитивната култура води до среќни и ангажирани вработени и рекордно високи стапки на продуктивност. Но, ако сте заглавени во токсична работна средина, работите не се толку розови. Една студија на Harvard Business School откри дека скоро половина од вработените кои искусиле девијантно однесување на работното место ги намалиле своите напори и направиле свесен избор да поминат помалку време на работа. Уште попоразителен податок е тоа што 38 проценти од вработените намерно го намалиле квалитетот на својата работа. 

Прочитајте ја целата статија тука.

Промовирани огласи »

Нови поскапувања и празни полици во маркетите. И покрај донесените мерки за заштита од нови ценовни шокови, граѓаните и натаму се жалат дека со секое влегување во продавница наидуваат на нови повисоки цени.

Велат, тие толку бргу се менуваат поради што со платите не може да се достигне растот.

Забележуваат и дека се уште по неколку дена во маркетите не можат да се најдат одредени производи, како брашно, зејтин – оние основните за кои се државата донесе мерки, објави Сител.

Од пазарен инспекторат потенцираа дека нивните екипи секојдневно се на терен, се прават проверки кај сите трговци низ земјава и во следниот период ќе бидат објавени податоци за евентуални злоупотреби.

До крајот на мај, Владата ги ограничи профитните маржи на основните производи и во трговијата на мало но и на големо, а лебот, зејтинот, брашното се продаваат по набавна цена. Ваквата мерка беше донесена со цел да се заштитат граѓаните од ценовниот у дар предизвикан од глобалните случувања, но и од несогласувањата на истокот.

Според проекциите на познавачите ценовните шокови ќе продолжат и во следниот период.

Промовирани огласи »

Одржувањето на сите аспекти од вашиот живот додека сте во работен однос е секогаш потешко отколку што мислите дека е, но еве неколку начини како сè да оди понепречено:

1. Поставете си приоритети

Не можете да бидете на сите фронтови затоа никој сè уште не нашол начин да се подели на два дела. За да бидете навистина ефективни и да избегнете да се делите, треба да ги дефинирате вашите приоритети во канцеларија како и дома.

2. Организирајте си ги деновите

За да ги постигнете вашите цели, императив е да бидете организирани. На пример, правењето списоци со задачи ќе ви помогне многу. Започнете го денот со пишување на сè што сакате да постигнете, а потоа веднаш натерајте се да работите. Штиклирајте ги завршените задачи додека напредувате.

3. Научете да кажувате не

Ако веќе имате многу работа, бесмислено е да се ставате под уште поголем притисок со прифаќање на нови задачи. Размислете и запрашајте се дали навистина вреди да кажете „да“ и да се ставите во невозможна ситуација само за да му угодите на вашиот шеф и колеги.

4. Исклучете се целосно

На работа како и дома, постојано сме седиме на нашите паметни телефони за да читаме е-пошта, да го дознаеме времето на следниот состанок или да провериме Фејсбук или Инстаграм. Постојано опкружени од известувања, нашиот мозок не успева да се концентрира, што нè прави тотално непродуктивни и неефикасни.
За да се покажете добро и затоа да избегнете прекувремена работа, мора да се концентрирате на она што го правите. За да го постигнете ова, исклучете ги известувањата по е-пошта, исклучете го телефонот, навистина целосно изолирајте се. 
5. Бидете физички активни

Спортот е одличен начин да се надмине стресот во денот, да се декомпресира и да се направи премин помеѓу работа и домот. Сите активности се корисни: одење, трчање, пливање, возење велосипед, зумба, јога или медитација ви овозможува да одвоите време за вас и да ги елиминирате напнатоста и притисокот што се чувствува во канцеларијата.

6. Размислете за работа од дома

Дали сте размислувале да работите од дома? Сè повеќе бизниси им дозволуваат на своите вработени да работат од своите домови еден или повеќе денови секоја недела. Мора да се признае, ова не е погодно за секого, но работата од вашиот дом им овозможува, на пример, родителите да ги земат и носат своите деца до училиште.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »