Промовирани огласи »

Од пазарот во земјава се повлекуваат сериите „киндер“ производи на компанијата „ФЕРЕРО“, чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Инспекциските служби на (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик трејд“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата „ФЕРЕРО“. Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од „киндер“ производите.

Попладнево АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи „киндер“ со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија, наведува АХВ.

Агенцијата ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.  

Промовирани огласи »

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.

Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.

Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи. 

Промовирани огласи »

Културата на работното место диктира како вработените се однесуваат, донесуваат одлуки и комуницираат едни со други додека се во канцеларија. Излишно е да се каже, но таа има големо влијание врз тоа како тие ја извршуваат работата и како се чувствуваат секој ден.

Позитивната култура води до среќни и ангажирани вработени и рекордно високи стапки на продуктивност. Но, ако сте заглавени во токсична работна средина, работите не се толку розови. Една студија на Harvard Business School откри дека скоро половина од вработените кои искусиле девијантно однесување на работното место ги намалиле своите напори и направиле свесен избор да поминат помалку време на работа. Уште попоразителен податок е тоа што 38 проценти од вработените намерно го намалиле квалитетот на својата работа. 

Прочитајте ја целата статија тука.

Промовирани огласи »

Нови поскапувања и празни полици во маркетите. И покрај донесените мерки за заштита од нови ценовни шокови, граѓаните и натаму се жалат дека со секое влегување во продавница наидуваат на нови повисоки цени.

Велат, тие толку бргу се менуваат поради што со платите не може да се достигне растот.

Забележуваат и дека се уште по неколку дена во маркетите не можат да се најдат одредени производи, како брашно, зејтин – оние основните за кои се државата донесе мерки, објави Сител.

Од пазарен инспекторат потенцираа дека нивните екипи секојдневно се на терен, се прават проверки кај сите трговци низ земјава и во следниот период ќе бидат објавени податоци за евентуални злоупотреби.

До крајот на мај, Владата ги ограничи профитните маржи на основните производи и во трговијата на мало но и на големо, а лебот, зејтинот, брашното се продаваат по набавна цена. Ваквата мерка беше донесена со цел да се заштитат граѓаните од ценовниот у дар предизвикан од глобалните случувања, но и од несогласувањата на истокот.

Според проекциите на познавачите ценовните шокови ќе продолжат и во следниот период.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »