Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести предлага олабавување на две антиковид мерки. Претседателот на советодавното тело, д-р Александар Петличковски изјави дека по процена на епидемиолошката состојба, условите им овозможуваат за намалување на дел од рестриктивните мерки кои се во насока на спречување на ширењетоп на корона вирусот.

Првата препорака се однесува на укинување на задолжителното носење маски во затворен простор. Тие повеќе нема да мора да се носат, освен на четири места, а тоа се здравствените установи, домовите за стари лица, аптеките и јавниот превоз. Значи таму и понатаму важи мерката задолжително носење маска. На сите останати места може да се носат само по желба, ако некој сака, изјави д-р Петличковски.

ОД КЗБ информираа дека втората препорака се однесува на следењето на контактите на заразените со ковид-19.

Препорачуваме укинување на епидемиолошкото следење на контактите, а со тоа и укинување на мерката за изолациоја на контактите, изјави д-р Петличковски.

Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.

Промовирани огласи »

Резултатите од едно истражување покажале дека работното време од 9 до 17 часот може да биде кобно за вработените.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот „Кембриџ“ и покажало дека една од шест предвремени смртни случаи е врзана за стрес, срцев удар, дијабетес 2 или рак кои се поврзани со целодневно седење во канцеларија.

Тоа се случува поради преголемата количина стрес, но и недоволното движење.

Затоа е многу важно што повеќе да се шетаме и да вежбаме, барем неколку пати во неделата, но и да ги смениме навиките за да направиме нешто корисно за своето тело.

Па така, потребно е почесто да стануваме од столица и да протегнуваме, наместо лифт да ги користиме скалите.

Промовирани огласи »

 Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои денеска на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Денеска имавме редовен состанок на Комисијата за заразни болести. Најпрво ја разгледавме епидемиолошката состојба во државата и заклучивме дека моменталните услови ни овозможуваат да размислуваме за намалување на рестриктивните мерки и се согласивме да препорачаме укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор.  Од оваа мерка се исклучок здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие четири затворени објекти или како да ги класифицираме останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна на прес-конференција претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Посочи дека станува збор за две крупни промени.

Како што зборувавме повеќе недели наназад, ние ја проценуваме епидемиолошката состојба и планираме постепено олабавување на мерките, бидејќи не сакаме наеднаш да се соочиме со зголемен ризик. Овие препораки ги препраќаме до Главниот кризен штаб, додаде д-р Петличковски. 

Промовирани огласи »

Од пазарот во земјава се повлекуваат сериите „киндер“ производи на компанијата „ФЕРЕРО“, чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Инспекциските служби на (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна „Атлантик трејд“ ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата „ФЕРЕРО“. Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од „киндер“ производите.

Попладнево АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи „киндер“ со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотовиод производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот. Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија, наведува АХВ.

Агенцијата ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »