Промовирани огласи »

Сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк, велат од МТСП.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, кое е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, посочуваат дека при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Нагласуваат дека за Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Промовирани огласи »

Тај Гибс го удрил Сем Мајер по трката во петокот вечерта на серијата Xfinity на која и двајцата возачи се одбија во последниот круг.

По трката, Гибс го закачи болидот на Мајер. Откако излегол од својот автомобил, Гибс отишол кај Мајер, кој исто така бил надвор од својот автомобил.

По трката, Гибс побарал од ривалот да објасни зошто го направил тоа. Кога не го сфатил, реши да се справи со ситуацијата со тупаници. Неколку пати го удри Мајер, а поголема тепачка спречија редарите. Мајер по судирот заврши во болница со полесни повреди на лицето.

Се боревме за награда од 100.000 долари и јас скокнав пред него. Тој згреши и ме удри неколку пати. Сепак, тие удари се премногу слаби. Јас едвај ги почувствував, рече Мајер, додека Гибс рече дека реагирал откако Мајер почнал да му се заканува.

Промовирани огласи »

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:

1. Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.

2. Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.

3. Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.

4. Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.

5. Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.

6. Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.

7. И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.

Промовирани огласи »

На 14ти и 15ти април, Axapta Masters организира отворени денови на компанијата во своите канцеларии во Скопје, за сите кои се заинтересирани да се запознаат со Microsoft бизнис технологиите.

Датум: 14ти и 15ти Арил
Почеток: по 16:00h.
Локација: канцелариите на Axapta Masters, во склоп на Synergy Business Center, трет кат

Зошто да не посетите?

  • Дознајте повеќе за технологиите со кои работиме, каква е улогата на бизнис аналитичарите или софтвер девелоперите, во зависност од тоа во која улога најмногу се пронаоѓате;
  • Дознајте повеќе за компаниските придобивки и активностите кои ги нудиме;
  • Добијте практични совети за можностите за кариерен напредок како дел од нашата компанија,
  • Ќе имате можност да се запознаете и да разговарате со некои од нашите членови на тимот кои се повеќе од 3+ години како дел од компанијата, воедно да разговарате за нивното искуство како дел од нашиот тим.

 Кој може да аплицира и да ни се придружи на отворените денови, за позиција Бизнис аналитичар и можноста за пракса како Бизнис аналитичар?

  • Бизнис аналитичар: Поединци кои работат како бизнис аналитичари или во слични улоги, по можност со искуство во работа со ERP системи;
  • Бизнис аналитичар – пракса: студенти во завршна година на студии по бизнис, економија или еквивалентно поле на студирање, со познавање на бизнис процеси;

Кој може да аплицира и да ни се придружи на отворените денови, за позиција Софтвер девелопер и можноста за пракса како софтвер девелопер?

  • Софтвер девелопери: 2+ години искуство со C#/.NET;
  • Софтвер девелопмент – пракса: Студенти во завршна година на ИТ факултети, со познавање на C# и SQL;

Каде да аплицирате?
Испратете ни го вашето CV и потенцијалната позиција за која сте заинтересирани на [email protected]

Ве очекуваме! ☺️
Тимот на Axapta Masters

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »