Промовирани огласи »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија примарна дејност е дистрибуција на електрична енергија на територијата на целата држава. Најважната цел ни е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.

Ве покануваме да земете учество во нашата Програма за учење и развој:

ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

КОИ се кандидатите кои ги бараме? 

Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи. Од нашите идни колеги/шки очекуваме отвореност, посветеност, дисциплинираност, конструктивен пристап, способност за прилагодување на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во државата.

ШТО нудиме? 

Договор за вработување на една година, со можност за продолжување на договорот. Менторски систем, директно вклучување во работниот процес и специјализирани обуки од долгогодишни експерти во областа. 

КАДЕ се одвива програмата?

Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово, Кратово, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Кочани и Штип каде ќе Ве обучиме и подготвиме за идните предизвици. 

КОЛКУ трае програмата?

Програмата трае 12 месеци и вклучува ротации во должина од шест месеци во 2 различни Кориснички Енерго Центри. Преку работа на проектите ќе имате можност да учите и да ги развивате вашите потенцијали. 

Сакате да аплицирате?

Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на [email protected] со назнака “ИГЕВН” најдоцна до 30.04.2022

Ги покануваме сите кандидати кои ги исполнуваат условите да аплицираат.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови. 

Повеќе информации на следниот ЛИНК

Промовирани огласи »

Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Како што информира владината прес-служба, на петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.

Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.

 
 

Промовирани огласи »

Според најновите податоци на компанијата „Henley and Partners“ која од 2006 година ги рангира пасошите од 199 земји, затворањето на воздушниот простор поради кризата во Украина и отворање на границата за украинските бегалци почнало да влијае на глобалните патувања.

Во извештајот се напоменува дека ситуацијата меѓу Русија и Украина се покажала како строг потсетник на променливоста на светот, начинот на кој конфликтот може да доведе до масовно раселување и колку точно нечиј пасош може да има влијание на нечија положба.

На врвот на листата традиционално се наоѓаат Јапонија и Сингапур, додека пак на дното се наоѓа Авганистан чии државјани можат да патуваат во само 26 земји од светот без претходно издавање виза.

Македонскиот пасош се наоѓа на 44-то место, а што се однесува од земјите во нашето опкружување, Хрватска се наоѓа на 17-то место, Црна Гора на 45-то место, Босна и Херцеговина на 49-то место, а Србија е на 37-то место.

Листата на најмоќни пасоши изгледа вака:

1. Јапонија, Сингапур

2. Германија, Јужна Кореја

3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија

4. Австрија, Данска, Холандија, Шведска

5. Франција, Ирска, Португалија, Велика Британија

6. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија, САД

7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта

8. Унгарија

9. Литванија, Полска, Словачка

10. Естонија, Лaтвија, Словенија

Промовирани огласи »

Од денеска, понеделник (11.04.2022година) во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.

Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии(градски и приградски).

Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува. Билетот се воведувасо цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично).

Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.

Цената на сите останати билети останува иста.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »