Промовирани огласи »

БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Иако производите на БРАКО прераснаа во препознатлив Бренд, по својот квалитет и широк асортиман на производи, со визија за успех и развој како и инплементирање на новите современи трендови во оваа област, БРАКО постојано го подобрува досегашното производство во смисла на инвестирање во нови современи технологии од оваа област.

Во моментот БРАКО вработува на следните работни позиции:

Промовирани огласи »

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален здравствен сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ сертификат за им*низација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.

Промовирани огласи »

Сончогледовото масло ќе се увезува без царина. За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.

Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 %. Србија неделава треба да ја тргне забраната за извоз во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и до сега.

Истовремено продолжува забраната за извоз на одделни житарици, односно пченката, пченицата, јачменот, сончогледово семе и слично и во следните 30 дена.

Владините мерки ги објави на својот ФБ профил министерот за економија Бектеши. Целта е вели да се заштити домашниот пазар и да се избегнат шпекулативните дејствија на трговците и производителите.

Едните ги криеја по магаците и создаваа паника кај граѓаните дека масло за јадење може да нема, додека другите изјавуваа дека суровини за производство нема, или се по многу повисока цена, па неминовно ќе биде поскапување.

Промовирани огласи »

Владата на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја  афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

Согласно препораките се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Одлуките од денешната седница стапуваат на сила со денот на објавување во Службен весник.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »