Промовирани огласи »

Сончогледовото масло ќе се увезува без царина. За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.

Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 %. Србија неделава треба да ја тргне забраната за извоз во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и до сега.

Истовремено продолжува забраната за извоз на одделни житарици, односно пченката, пченицата, јачменот, сончогледово семе и слично и во следните 30 дена.

Владините мерки ги објави на својот ФБ профил министерот за економија Бектеши. Целта е вели да се заштити домашниот пазар и да се избегнат шпекулативните дејствија на трговците и производителите.

Едните ги криеја по магаците и создаваа паника кај граѓаните дека масло за јадење може да нема, додека другите изјавуваа дека суровини за производство нема, или се по многу повисока цена, па неминовно ќе биде поскапување.

Промовирани огласи »

Владата на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ).

Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост.

Во врска со оваа точка, иако се укинува носењето маски во затворен простор, Владата силно ја  афирмира препораката на КЗБ маски во затворен простор да носат лицата над 65 годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.

Согласно препораките се укинува обврската за задолжителното носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и забраната за организирање екскурзии и настава во природа.

Меѓу мерките што се укинуваат е и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на КОВИД-19, за кои останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден КОВИД-19.

Одлуките од денешната седница стапуваат на сила со денот на објавување во Службен весник.

Промовирани огласи »

Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.

Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40 % во однос на одлуката од 07.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,127 ден/кг и сега ќе изнесува 51,535 ден/кг.

Од 12.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »