Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија примарна дејност е дистрибуција на електрична енергија на територијата на целата држава. Најважната цел ни е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Ве покануваме да земете учество во нашата Програма за учење и развој:
ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА
КОИ се кандидатите кои ги бараме?
Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи. Од нашите идни колеги/шки очекуваме отвореност, посветеност, дисциплинираност, конструктивен пристап, способност за прилагодување на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во државата.
ШТО нудиме?
Договор за вработување на една година, со можност за продолжување на договорот. Менторски систем, директно вклучување во работниот процес и специјализирани обуки од долгогодишни експерти во областа.
КАДЕ се одвива програмата?
Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Велес, Куманово, Кратово, Струмица, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Кочани и Штип каде ќе Ве обучиме и подготвиме за идните предизвици.
КОЛКУ трае програмата?
Програмата трае 12 месеци и вклучува ротации во должина од шест месеци во 2 различни Кориснички Енерго Центри. Преку работа на проектите ќе имате можност да учите и да ги развивате вашите потенцијали.
Сакате да аплицирате?
Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за положени испити на [email protected] со назнака “ИГЕВН” најдоцна до 30.04.2022
Ги покануваме сите кандидати кои ги исполнуваат условите да аплицираат.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.
Повеќе информации на следниот ЛИНК