Промовирани огласи »

Италијанскиот производител е апсолутен рекордер во оваа категорија.

Повеќето производители на автомобили остварија поголем профит минатата година, и покрај помалку продадени возила. Ферари и понатаму е шампион во автомобилската индустрија во таа категорија, а по него е Тесла, но профитот на американскиот производител на електрични автомобили е далеку од италијанскиот бренд.

Минатата година Ферари остварил околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6.100 евра добивка по продадено возило, покажува анализата објавена од порталот „Motor1“.

Не поминале добро само Ферари и Тесла. Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот, во просек, заработиле повеќе пари по продаден автомобил минатата година отколку во 2020 година.

Инаку, добивката во просек паднала од 1.168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, а лани се зголемила на дури 1.903 евра по возило.

Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Имено, според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила.

Дополнително, намалени се попустите и зголемени малопродажните цени на автомобилите.

Промовирани огласи »

Денес во Струга се одржа работна средба, презентација на досегашните активности и на одередбите од Правилнкиот за субвенции, на кој присувствуваше директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски, тимот на АППТ Струга и претставници од туристичкиот сектор – туристички агенции.

Пред присутните се обрати директорот Јаневски, кој информираше дека новиот извештај од Светската тристичка организација (UNWTO) според кој Република Македонија се наоѓа на 5-то место во светот согласно процентуалното зголемување на бројот на странски туристи, доаѓа како резултат на заедничките активности со туристичкиот сектор во изминатиов период.

Тоа е потврда дека македонскиот туризам постепено заздравува и дека оваа година се очекуваат над 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи, истакна Јаневски, кој најави и нови авионски линии од повеќе странски дестинации, како и низа промотивни активности, обуки и семинари, со кои ќе бидеме во чекор со светските туристички текови, се’ со цел зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и зголемен девизен прилив по основ на туризам.

Валентина Переска, како претставник на АППТ Струга, пред присутните ги презентраше досегашните активности, одредбите од Правилникот за субвенционирање на странски организиран туристички промет, како и утврдените недостатоци во процесот на аплицирање за субвенции.

Промовирани огласи »

Вториот ден на Велигден – 18 април, според Грегоријанскиот календар е неработен ден за верниците од католичката вероисповед во Република Северна Македонија.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

Од МТС, на верниците од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. 

Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти.

За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш туку постепено.

Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака на КЗБ – да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби./МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »