Промовирани огласи »

Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера на прес-конференција рече дека постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките.

Најновата препорака од Комисијата ќе стапи на сила откако ќе биде усвоена од страна на Владата.

Министерот за здравство, Беким Сали го дели истиот став со Комисијата и смета дека сè уште не може да се каже дека е крај на корона-пандемијата и оти не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите ковид-рестрикции.

Временски не можеме да прецизираме, но работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третираме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно, рече Сали.

На владината седница во вторникот беше усвоена мерката за укинување на маските во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, аптеките, јавниот превоз, домовите за стари лица и установите за згрижување лица со попреченост.

Во соседна Грција од 1 мај се укинуваат правилата за влез во сите простории во внатрешноста на државата, односно поседување сертификат за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните. Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис соопшти дека од 1 јуни ќе се укине и задолжителната маска, но и задолжителниот селф-тест за учениците.

Грчките власти најавија дека дополнително ќе бидат разгледани актуелните правила за влез во државата, а сите мерки одново ќе бидат разгледани на 1 септември.

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања, пак, вчера едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19.

Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО Дидие Усин.

Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека добрата вест е што во светот
минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

Согласно, вчерашната ковид-статистика, во земјава направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19 од кои 28 се реинфекции. Најголем број, односно 114 од новорегистрираните случаи се во Скопје. Во извештајот на Институтот за јавно здравје вчера нема регистрирано починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.988.999 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.152, бројот на оздравени пациенти е 297.724, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.172.

Согласно податоците од ИЈЗ, најголем број активни случаи има во Скопје – 628, додека Берово, Дојран, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пробиштип во моментов немаат активни случаи на коронавирусот.  

Промовирани огласи »

Од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година. 

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат. 

Промовирани огласи »

Со најновата промоција, корисниците можат да изберат од богатата палета мобилни телефони и да ги набават по неверојатен попуст.

А1 Македонија најави атрактивна промoција за своите корисници, овојпат ексклузивно само преку А1 онлајн шоп продажниот канал. Со најновата промоција, корисниците можат да изберат од богатата палета мобилни телефони и да ги набават по неверојатен попуст.

Во времетраењето на промоцијата, корисниците можат да направат избор и да добијат попуст од: 2.000 денари за Samsung Galaxy A22 5G и Xiaomi Poco M4 Pro 5G 4/64 или 3.000 денари за Samsung Galaxy A52s 5G, Xiaomi Redmi Note 10 5G 4/64, Xiaomi Redmi Note 10 pro 6/128, Xiaomi Poco X3 pro 8/256, Honor 50 lite и Huawei Nova 8i.

Попустот за телефоните важи за сите онлајн нарачки направени преку A1 онлајн шоп на тарифните модели од А1 нова и неон портфолиото.

Комерцијален текст

Промовирани огласи »

Италијанскиот производител е апсолутен рекордер во оваа категорија.

Повеќето производители на автомобили остварија поголем профит минатата година, и покрај помалку продадени возила. Ферари и понатаму е шампион во автомобилската индустрија во таа категорија, а по него е Тесла, но профитот на американскиот производител на електрични автомобили е далеку од италијанскиот бренд.

Минатата година Ферари остварил околу 94.500 евра добивка по автомобил. Тесла е на второ место со повеќе од 6.100 евра добивка по продадено возило, покажува анализата објавена од порталот „Motor1“.

Не поминале добро само Ферари и Тесла. Извештајот покажува дека 19-те најголеми производители на автомобили во светот, во просек, заработиле повеќе пари по продаден автомобил минатата година отколку во 2020 година.

Инаку, добивката во просек паднала од 1.168 евра по продаден автомобил во 2019 година на 811 евра во 2020 година, а лани се зголемила на дури 1.903 евра по возило.

Производителите се прилагодија на пандемијата и недостатокот на чипови, кои го погодија автомобилскиот сектор. Имено, според експертите, индустријата главно се фокусирала на производство на најпрофитабилните модели како теренци и електрични возила.

Дополнително, намалени се попустите и зголемени малопродажните цени на автомобилите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »