Промовирани огласи »

Дали сте подготвени за сопствен бизнис? Oдговорот e во продолжение.

Тука не станува збор за давачки, економски статистики, јавно мислење или сечење на црвени ленти. Едноставно кажано, вистинското време да започнете сопствен бизнис е:

– Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете…

– Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоа…

– Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки… Да не ги изоставиме киријата и заработката, како и проценката на потребните средства и првичните трошоци без кои не се започнува бизнис. И ова е многу важно … Веќе да знаете или да имате најдено начин, како да ги најдете ресурсите кои ви ги диктира бизнис планот.

– Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех.

– Кога навистина го посакувате тоа.

– Кога немате друга опција.

Останува само да ви посакаме среќа, со надеж дека не се обложувате на тоа дека не смеете да си дозволите неуспех.

Промовирани огласи »

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје за 2022 година.

Оваа одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје.

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за:

  • Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот;
  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток;
  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.

Промовирани огласи »

Бројни граѓани на Црна Гора синоќа, неколку секунди пред да го почувствуваат земјотресот, од системот Андроид добиле известување дека е можен земјотрес, како и упатства што да прават.

Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Android и поддршка од сервисите на Google, а пет до десет секунди, колку што известувањето пристигнало порано, за многумина било изненадување.

Системот за предупредување за земјотреси на Андроид испратил јасна порака дека граѓаните треба да бидат на готовност, дека последователните земјотреси се вообичаени за време на смиреност, но и насоки што да се прави.

Меѓу првите упатства е да се облечат чевлите, да се провери гасот и да се затвори главниот вентил и да се избегнуваат оштетени згради. Во вториот дел од известувањето се наведува дека се работи за земјотрес и јачина со локација на можен епицентар.

Во последниот дел на граѓаните им се препорачува да земат залихи за итни случаи како вода, да гаснат помали пожари доколку се активирани, да ги изгаснат сите електрични осигурувачи и да одат на повеќе терени.

Фото: unsplash/

Промовирани огласи »

1. Споделете нешто повеќе за Singular како една од IT компаниите во МК

Singular претставува интернационална компанија во областа на iGaming, која што работи на развој на софтвери наменети за игри на среќа. Со секоја измината година, нашиот тим расте и денес брои 50+ вработени во Скопје, и 150+ вработени низ нашите 3 канцеларии во Европа. Софтверските решенија кои се изработуваат во нашата компанија се многукратно наградувани како најдобри од областа. Канцеларијата во Скопје претставува една од најбрзорастечките софтверски компании во оваа област.

2. Што би одвоиле како најзначајно во сето постоење на Singular?

Посветеноста и тимскиот труд на сите во Singular доведе до тоа во 2021 година Singular да стане дел од една од најголемите светски iGaming групации - Flutter Entertainment Plc. Со тоа се отворија нови можности за меѓународна експанзија на Singular, но и можности за напредок и развој на индивидуално ниво, како и соработка со колеги од целиот свет.    

3. Накратко опиши ја Singular со 3 збора

Динамична
Иновативна
Извонредна

4. Што претставува здрава работна околина за Singular?

Добросостојбата на нашите вработени, како наш најголем ресурс, е еден од главните приоритети на Singular. Инвестираме во нивното физичко и ментално здравје со овозможување на разновидни активности. Singular нуди приватно здравство осигурување, можност за разновидни физички активности, флексиблиност, како и изобилство на колегијални дружби и настани. За HR тимот е од примарно значење да придонесеме кон целокупното здравје на вработените, мотивацијата за работа, и истовремено и континуирано забавување!  -  истакнува Јоана Темелковска 

5. Кои се вредностите што најмногу се ценат во Singular?

Како компанија која својот успех го должи на иновативноста и адаптибилноста на своите продукти, вредностите кои ги бараме кај нашите вработени се иновативноста, проактивноста и тимската работа. На крајот на денот сите работиме за истата цел, а со здружени сили сме секогаш извонредни.

6. Накратко опишете како изгледа едно интервју во Singular?  

Секое интервју е различно на свој начин и секој пат има разновидни ситуации. Сепак, најчесто интервјуто се одвива во неколку делови каде кандидатот има можност да биде воведен во позицијата, да се запознае и да разговара со нас, и двете страни да се здобијат со потребните информации за потенцијално да се премине на следен чекор.  Она што може кандидатите да го очекуваат од интервјуто се серија општи, бихејвиорални, ситуациони, како и технички прашања кои се однесуваат на конкретната позиција.

За оние кои тукушто започнуваат во индустријата им препорачувам да ги разгледаат препораките кои неодамна ги објавивме на нашиот блог.

7. Кои се слободните места моментално достапни во вашата компанија?

Во канцеларијата во Скопје моментално се отворени следниве позиции: Java Developer, Front-End Developer, Scrum Master, Technical Writer, Solution Architect, Automation QA Engineer, Manual QA Engineer и други, кои може подетално да се разгледаат ТУКА

8. Каква култура негува вашата компанија

Во нашата компанија се почитува мислењето на секој вработен, не постои хиерархија која го ограничува вработениот во неговите идеи и можности. Singular негува култура во која вработените се чувствуваат удобно да бидат свои и имаат можност за личен и професионален напредок и развој.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »