Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Првиот ден на Рамазан Бајрам, понеделник 2 Мај, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам. 

Промовирани огласи »

Потврда дека детето ги примило сите задолжителни вакцини, потврда за офталмолошки преглед издаден од јавна здравствена установа, Извод од матична книга на родени, како и потврда за извршен стоматолошки преглед… се документите што ќе им бидат потребни годинава на родителите за да можат да ги запишат своите деца-првачиња на училиште.

Уписите почнуваат на 3 мај, согласно Законот за основно образование, но тие можат да продолжат и потоа со оглед на тоа што има родители и деца кои поради какви било оправдани причини, немаат можност да го остварат правото на образование во тој период.

Оваа година, покрај доставување документи со физичко присуство, има опција и за онлајн-пријавување, кое ќе почне од 1 мај, а ќе се одвива преку порталот uslugi.gov.mk.

Во однос на документацијата, родителот е должен да достави (или да прикачи, доколку го пријавува детето електронски) потврда за примените задолжителни вакцини и потврди од офталмолошки и стоматолошки преглед издадени од јавна здравствена установа. При електронски упис не е потребна достава на Извод од матичната книга на родените, со оглед на тоа што податоците врз основа на единствениот матичен број на детето се црпат системски и автоматски од Националниот регистар на население, информираат од Министерството за образование и наука. 

Извор: Деца.мк

Промовирани огласи »

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај. Вработените во Be-Da Logistics се стручно обучени да ги извршуваат своите задачи и добро координирани за целосно задоволување на потребите на нивните клиенти. Лојалноста и дискрецијата се дел од нашите главни карактеристики.

Отворени се работни позиции за:

ДОСТАВУВАЧ ВО ПОШТЕНСКА СЛУЖБА-КУМАНОВО

МАРКЕТИНГ/ДИЗАЈН СПЕЦИЈАЛИСТ 

АГЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 

МАГАЦИОНЕР ВО ПОШТЕНСКА КОМПАНИЈА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »