Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

На редовната 42-ра седница, Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Ова значи дека престануваат да важат мерките и протоколите за заштита од ковид-19 во предучилишните установи, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Според одлуките на Владата, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.

Промовирани огласи »

Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина.

Република Македонија утре ќе донесе важна одлука со која ќе се отвори извозот на сончогледово масло во Албанија, производ кој главно беше увезуван од Украина. Кај нас се чувствуваше недостиг како и на меѓународните пазари, што е и причината зошто цените се повисоки. Сакам да му се заблагодарам на министерот Бектеши за конструктивните разговори и сакам да гарантирам дека односите меѓу двете земји на полето на трговијата ќе продолжат да бидат многу добри, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Промовирани огласи »

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 92,5, а  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 89,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и  останува 87,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,261 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 53,848 денари.

Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,129 отсто и намалените кај дизелот за 0,958 отсто, како и за 0,223 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »