По почетокот на руско-украинскиот конфликт, извозните цени на сончогледовото масло рапидно се зголемија поради фактот дека Украина и Русија се светски лидери во снабдувањето со сончогледово масло.
Во 2018/19 година, уделот на извозот на овие земји покрива близу 80% од глобалниот пазар. Од почетокот на војната, цената на сончогледовото масло се зголеми за 32% (од 23 февруари до 1 март според податоците на S&P Global).
Оваа анализа ги прикажува резултатите од истражувањето спроведено во периодот февруари-април 2022 година од објавуваните вести, написи и објави поврзани со кризата со сончогледово масло во сите дигитални медиуми во 6 земји од регионот на Западен Балкан.
Преку алгоритми за откривање на клучни зборови специфични за темата, низ регионот на Западен Балкан успеавме да идентификуваме 13.769 медиумски написи и објави на социјалните мрежи каде што се споменува кризата со сончогледово масло и да измериме 552.704 ангажмани и реакции на нивната публика (лајкови, коментари и споделувања).
ИНФОГРАФИКАТА погоре го прикажува вкупниот дневен волумен на објавените вести/написи поврзани со кризата со сончогледово масло (црна линија со точки) и обемот на реакции на публиката на вестите за секоја земја (другите обоени области). Понатаму, настаните и вестите кои предизвикаа најголем дел од реакциите во јавноста во соодветните земји, се претставени на временската рамка од 15 февруари до 15 април.
Меѓу поистакнатите вести и настани кои придонесоа за поголем ангажман на публиката во написите и објавите за кризата со сончоглед во други земји, беа:
Албанија – 12.03. Колумната на Сали Бериша во врска со протестот на опозицијата во Тирана против стратосферското зголемување на цените, кое имаше 12 илјади реакции, а на 17.03 изјавата на министерот за финансии и економија дека „Личноста што заработува 140 евра месечно (и повеќе) не треба да се смета за сиромашен во Албанија“ - предизвика 7 илјади ангажмани на публиката.
Босна и Херцеговина – На 28.02 објави контрола на цените на основните прехранбени производи во земјата, а на 15.03 вестите за недостиг на сончогледово масло и зголемени цени, имаа околу 5 илјади реакции во јавноста.
Северна Македонија - 17.03 Написите во врска со веста за инспекцискиот надзор кој го казнува еден од најголемите синџири на маркети за условување на купувањето сончогледово масло со вкупната сума на откупот, предизвика највисока јавна врева од повеќе од 10 илјади реакции во анализираниот период.
Србија - 02.04 статија на Блиц: „Како германската економија падна многу преку ноќ? имаше највисок ангажман на интернет.
Црна Гора - 05.04 Вестите за отворањето на новата фабрика за сончогледово масло во Тузла беа најинтересниот настан во овој период.
Генералниот заклучок на оваа анализа е дека забележителен пораст на вестите, написите и објавите во дигиталните медиуми за кризата со сончогледот се јасно забележливи во сите земји од регионот, како последица на почетокот на војната во Украина на 24.02.2022 година. Иако публиката покажа голем интерес и ангажман во врска со вестите за недостиг на сончогледово масло, зголемените цени и владините кризни мерки, реакциите на јавноста се многу поизразени (понекогаш десеткратно зголемени како во случајот со Косово) кога има докази, па дури и обид, за кризата да се искористи во корист и профит на малкумина. Реакциите на публиката на вестите за вакви случаи, јасно покажаа дека јавноста има мала толеранција за таков тип на однесување.
Методологија
Pikasa ја искористи својата Media Intelligence Platform Analytics.live за да спроведе онлајн мониторинг во реално време на повеќе од 2000 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми низ 6-те земји во регионот на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација во платформите на социјалните медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутјуб итн.) со броење на сите видови активности и ангажмани.