Промовирани огласи »

Ако EQS е големиот и луксузен седан на Mercedes-Benz, тогаш новиот EQS SUV е голем и луксузен – погодувате – SUV на Mercedes-Benz!

Новиот луксузен електричен SUV на Mercedes-Benz ќе може да помине и до 660 километри според WLTP мерењата. Секако, тоа се должи на најновата итерација на супер-напредниот електричен погон на Mercedes-Benz кој кај EQS SUV ќе биде понуден во три конфигурации. „Основната“ верзија е EQS SUV 450+ која е со погон на задните тркала и која располага со 360 коњски сили и 568 Nm вртежен момент – и токму оваа верзија може да помине до 660 километри.

Над оваа верзија е EQS SUV 450 4Matic, со слични карактеристики, но погон на сите четири тркала, 800 Nm вртежен момент и максимални 613 километри. На самиот врв (сега за сега, пред да бидат претставени неизбежните AMG изведби) е EQS 580 4Matic со 545 коњски сили и 858 Nm вртежен момент. Сите верзии ја користат истата голема батерија со капацитет од 107.8 kWh. EQS SUV овозможува полнење со максимална моќност од 200 kWh, па со доволно моќен полнач батеријата се полни од 10 до 80% за само 31 минута.​ 

Кабината на EQS SUV е супер-напредна, па во „основна“ варијанта ќе добиете 12.8-инчен мултимедијален уред и 12.3-инчен екран наменет за возачот, а ќе добиете и панорамски сончев кров, седишта со ладење и греење… Ако сакате повеќе, тука е MBUX Hyperscreen кој комбинира три екрани под еден огромен 56-инчен панел поставен пред возачот и совозачот. Доколку сакате, можете да нарачате и мултимедијални уреди за задните седишта – 11.6 инчни екрани на секое седиште, а ако сакате ќе добиете и централно-поставен таблет кој можете да го извадите и да го земете со вас.

Секако, големиот SUV стандардно доаѓа со Airmatic воздушна суспензија и адаптивни амортизери, како и сите можни системи за асистенција во возењето кои Mercedes-Benz ги има во своето портфолио. Дополнително, EQS SUV може да „запомни“ до 7 различни профили на корисници кои ќе ги идентификува преку отпечаток од прст и ќе ги помни нивните желби и навики на возење. Со текот на времето, EQS SUV ќе ги „научи“ вашите желби и навики и ќе ве потсетува без да го побарате тоа.

Инаку – дизајнот е зрел и малку воздржан – како што и му прилега на еден Mercedes-Benz. Дизајнот ни е воглавно веќе познат од EQS седанот, но тука е интерпретиран во поголема, SUV форма со препознатливи SUV детали. На предниот дел вниманието оди кон широкиот преден елемент и светлосниот потпис, додека профилот е конвенционален и горд. На задниот дел доминира светлосниот елемент кој стана препознатлив детал на EQ-моделите на Mercedes-Benz. Инаку, дизајнот на EQS SUV е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски.

EQS SUV изгледа како да е подготвен да доминира во сегментот на луксузни SUV модели, нели?

Промовирани огласи »

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи.

Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.

Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.

Освен ова точка, Уставниот суд утре ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување.

Други две иницијативи за кои уставните судии утре треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на Ковид-19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Промовирани огласи »

Кончено стигнаа првите количини зејтин од Србија. 48 илјади шишиња попладнево биле царинети, а уште толку се очекува да стигнат во текот на утрешниот ден. Останатите најавени количини до 2 милиони литри, се договорени, но рокот и начинот на испорака дополнително ќе се прецизира.

Но, се уште oстанува забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија, иако дел од домашните производители веќе имаат склучено договори со српските фирми.

Властите во земјава велат дека се во постојана комиуникација со нивните српски колеги, не прецизираат кога ќе заврши забраната, но велат очекуваат тоа да се случи нaскоро. Во меѓувреме, домашните производители суровина набавуват од други држави, по поскапи цени, и предупредуваат дека заради тоа можно е поскапување и цената во малопродажба.

Промовирани огласи »

Штрајкот продолжува, одговори на ФБ лидерот на СОНК на владиното соопштение. 

Тој вели дека за утре е закажана седница на Советот на Синдикатот на која ќе биде анализиран ставот на Владата и ќе биде донесена одлука по него. 

Владата на писмено му нуди на СОНК 10% зголемување на платите. Затоа МОН, МТСП и МФ се задолжени со ребалансот на буџетот да предвидат пари за покачување на платите на вработените во училиштата и градинките за 10%. 

Владата исто така формира работна група составена од вицепрмеиерот Битиќи и министрите за финансии, образование, труд и информатичко општетство која треба да почне со преговори за нов колективен договор со репрезентативните синдикати и за методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во јавниот сектор. 

Министерствтото за информатичко општетсво е задолжено да почне да работи и на нов закон за платите во јавниот сектор.

Во врска со штрајкот, Владата ги задолжи МОН и МТСП да ги преземат сите чекори за наставата во училиштата да продолжи исто како и згрижувањето на децата во градинките согласно уставните права на децата и соглансо законски утврдените одредби за одвивање настава во услови на штрајк. 

Истовремено, Владата побара од двете министерства на штрајкувачите да им бидат исплатени само придонеси за времето поминато во штрајк, согласно закон. 

Влата ги задолжи МОН и МТСП да достават информација за одговорот на СОНК на овие заклучоци, но и да побараат писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.

На крајот на соопштението, Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »