Промовирани огласи »

Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи.

Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата, велат од Уставен суд.

Според подносителот, со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела – неметалните минерални производи, имале еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата, кои се утврдени со закон, но биле ставени во нееднаква правна положба со работодавачите од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.

Освен ова точка, Уставниот суд утре ќе дискутира и за иницијативата поднесена од Здружението на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци и за Правилниот за облиците на континуирано стручно усовршување.

Други две иницијативи за кои уставните судии утре треба да се произнесат се за носењето на лична заштита заради спречување на ширењето на Ковид-19 и за еден обвинителен акт поднесен од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Промовирани огласи »

Кончено стигнаа првите количини зејтин од Србија. 48 илјади шишиња попладнево биле царинети, а уште толку се очекува да стигнат во текот на утрешниот ден. Останатите најавени количини до 2 милиони литри, се договорени, но рокот и начинот на испорака дополнително ќе се прецизира.

Но, се уште oстанува забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија, иако дел од домашните производители веќе имаат склучено договори со српските фирми.

Властите во земјава велат дека се во постојана комиуникација со нивните српски колеги, не прецизираат кога ќе заврши забраната, но велат очекуваат тоа да се случи нaскоро. Во меѓувреме, домашните производители суровина набавуват од други држави, по поскапи цени, и предупредуваат дека заради тоа можно е поскапување и цената во малопродажба.

Промовирани огласи »

Штрајкот продолжува, одговори на ФБ лидерот на СОНК на владиното соопштение. 

Тој вели дека за утре е закажана седница на Советот на Синдикатот на која ќе биде анализиран ставот на Владата и ќе биде донесена одлука по него. 

Владата на писмено му нуди на СОНК 10% зголемување на платите. Затоа МОН, МТСП и МФ се задолжени со ребалансот на буџетот да предвидат пари за покачување на платите на вработените во училиштата и градинките за 10%. 

Владата исто така формира работна група составена од вицепрмеиерот Битиќи и министрите за финансии, образование, труд и информатичко општетство која треба да почне со преговори за нов колективен договор со репрезентативните синдикати и за методологија која ќе обезбеди континуиран раст на платите во јавниот сектор. 

Министерствтото за информатичко општетсво е задолжено да почне да работи и на нов закон за платите во јавниот сектор.

Во врска со штрајкот, Владата ги задолжи МОН и МТСП да ги преземат сите чекори за наставата во училиштата да продолжи исто како и згрижувањето на децата во градинките согласно уставните права на децата и соглансо законски утврдените одредби за одвивање настава во услови на штрајк. 

Истовремено, Владата побара од двете министерства на штрајкувачите да им бидат исплатени само придонеси за времето поминато во штрајк, согласно закон. 

Влата ги задолжи МОН и МТСП да достават информација за одговорот на СОНК на овие заклучоци, но и да побараат писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.

На крајот на соопштението, Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Промовирани огласи »

Кевин Берлинг од Кентаки го тужел својот работодавец затоа што му организирал роденденска забава.

Тој добил отштета од 450.000 долари.

Имено, Кевин работел во медицинската лабораторија Gravity Diagnostics. На својот работодавец и колегите им рекол дека не сака роденденска прослава, бидејќи имал напади на паника, но тие ја игнорирале неговата желба.

Му организирале забава, поради што Берлинг доживеал напад на паника и отишол да руча во својот автомобил. Шефот му рекол следниот ден дека „се однесувал како мало девојче“ и дека им го уништил расположението на колегите.

Набргу потоа Берлинг добил отказ и случајот завршил на суд. Берлинг смета дека бил дискриминиран поради неговата психичка состојба и дека не работел во безбедна средина.

Тој добил 150.000 долари на суд за „изгубена плата“ бидејќи бил отпуштен по неуспешно роденденско изненадување и 300.000 долари за „нанесена душевна болка, понижување и губење на самодовербата“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »