Германија веќе планираше да ги укине субвенциите за електрични возила, но тие идеи беа отфрлени од експерти од автомобилската индустрија.
Растечката продажба на електрични автомобили во голема мера е мотивирана од субвенциите за нивно купување. Automotive News Europe пишува дека германското Министерство за економија сака да ги укине субвенциите за plug-in хибридни возила до крајот на 2022 година и постепено да ги намалува субвенциите за електрични возила почнувајќи од 2023 година.
Новиот план целосно ќе ги стопира стимулациите од 4.500 евра за plug-in хибридите, додека субвенциите за електрични возила од следната година ќе паднат на 4.000 евра, а од 2024 година на 3.000 евра.
Германија веќе планираше да ги укине субвенциите за plug-in хибридите, но тие идеи беа отфрлени од експерти од автомобилската индустрија.
Германското здружение на производители на автомобили VDA соопшти дека plug-in хибридите служат како пионери за преминот кон електрична мобилност и дека укинувањето на субвенциите ќе го загрози зголемувањето на електричната мобилност.
Сето ова ќе биде голем тест за индустријата за електрични автомобили и нивната популарност. Што се однесува до plug-in хибридите, тие тешко ќе преживеат во новите околности.