Промовирани огласи »

Агенцијата за администрација објави неколку јавни огласи за вработување на државни службеници на неколку позиции во Општина Чаир: 

  • РЕФЕРЕНТ - ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТА И БЛАГАЈНИК, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ПЛАЌАЊЕ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗВОДИ ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - ДАНОЧЕН КНИГОВОДИТЕЛ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАПЛАТА НА ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКA И ДРУГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА БУЏЕТСКИ ОБВРСКИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОНТРОЛА, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • СОРАБОТНИК ЗА СПОРТ, КУЛТУРА И ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, СЕКТОР ЗА РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
  • ВИШ СОРАБОТНИК ЗА БУЏЕТСКА РАСПРЕДЕЛБА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОНТРОЛА, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • Работни денови: понеделник-петок
    Работни часови: 40 неделно
    Работно време: од 08:30 до 16:30

    Платата за првата работна позиција е  14.700,00 денари, за втората, третата и четвртата работна позиција е 15.700,00 денари, за петтата,шестата  работна позиција е 20.500,00 денари, за седмата работна позиција е 22.800,00 денари и за осмата работна позиција е 23.500,00 денари. 

    Следниот линк ќе ве одведе до сите огласи објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација.

    Промовирани огласи »

    Од денеска почнува етапната исплата на априлските пензии. Ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од болеста. Пензија повисока за 1.000 денари ќе добијат повеќе од 330 илјади пензионери со исплатата на априлската пензија преку договорената директна финансиска помош за три месеци.

    Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

    Исплатата за пензии до 11.000 денари ќе се изврши денеска, утре на пензиите од 11.001-14.000 денари, во четврток на пензиите од 14.001-18.000 денари и в петок ќе се реализира исплата на пензиите над 18.001 денари.

    Според ресорното министерство, пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите, како што се наведува, ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

    Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

    Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, се наведува во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

    Промовирани огласи »

    Владата по состанокот со СОНК, на кој се договорија за зголемување на платите за наставниците и останатите вработени кои штрајкуваат за 12 отсто, соопшти дека следува и усогласување на гранскиот колективен договор во него да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

    Тој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор, соопштија од Владата.

    Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор, објавија од таму.



    Со состанокот претседавал премиерот Димитар Ковачевски, и на кој учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. СОНК бил претставен од претседателот Јаким Неделков, придружуван од членови на синдикатот и од Сузан Флокен, директорка на Европската конфедерација на синдикати за образование.



    Денешниот договор меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор, додава Владата.

    Промовирани огласи »

    Илон Маск, сопственик на Tesla Motors и SpaceX и најбогат човек на светот, ја купи социјалната мрежа Twitter за 44 милијарди долари.

    Твитер вечерва објави дека ја прифатил понудата на Маск. Маск тргна да ја преземе функцијата на почетокот на април

    Да потсетиме, Илон Маск купи 9,2% од Твитер на почетокот на април. По оваа објава, вредноста на акциите на Твитер порасна за повеќе од 25%. Маск стана еден од најголемите акционери на компанијата и сега поседува четири пати повеќе акции од основачот на Твитер Џек Дорси. Уделот на Дорси е 2,25%.“

    Една недела по купувањето на акциите, Маск даде понуда за купување на Твитер и рече дека „ќе ја разгледа неговата акционерска позиција“ доколку неговата понуда не биде прифатена.

    Решив да инвестирам во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот и верувам дека слободата на говор е социјален императив за функционална демократија, напиша Маск во изјавата за финансиската регулатор.

    Повеќе вести...
    барај огласи за вработување » барај останати огласи »