Промовирани огласи »

1. Едноставност

Доколку станува збор за e-mail или флаер не користете многу зборови и карактери. Не плашете се да оставите празно место. За оној што ќе чита, помалку е повеќе. Добар пример за ова е Nike со нивното препознатливо Just Do It, три мали зборови, но многу голема и препознатлива порака.

2. Емоции

Нешто што изледа привлечно, интригантно, провокативно и тоа како ќе ги привлече клиентите. Затоа секогаш кога е возможно вашиот рекламен материјал нека содржи емоции. Луѓето одлучуваат дали да го купат производот или услугата врз база на емоции, не затоа што логички делува добро.

3. Разговорен стил

Колку поедноставна е вашата реклама толку повеќе ќе влезете во “дијалог” со клиентите. Пишувајте како што зборувате. Користете кратенки, бидете забавни, така рекламниот материјал ќе биде поинтересен за читање.

4. Користете bullets

Целта на рекламирањето е да се пренесе пораката до оној што ќе ја чита, начинот на пренесување не е битен. Еден метод за ова да успее е преку користење на bullets, (точки) за подобра распределба на она што сакате да го кажете. Така, пораката ќе биде прегледна и клиентите ќе ја апсорбираат одеднаш.

5. Виралност

Маркетинг порака е успешна ако остави белег кај клиентот, но ако истиот тој клиент сака пораката да ја сподели со неговите пријатели, роднини и колеги, тогаш таа маркетинг порака е одлична. И повторно ако таа предизвика емоции кај луѓето поголема е веројатноста да биде споделена со другите. Затоа направете го рекламниот материјалот интересен за “шерување” ако сакате да постигнете поголем ефект.

6. Кога се сомневате, следете ја интуицијата

Понекогаш е тешко да се пронајдат вистинските зборови. Експертите советуваат дека кога ќе наидете на таква блокада напишете ја првата реченица или фраза што ќе ви текне во моментот. Што е тоа што сакате другите да го знаат за вашиот бизнис? Едноставно одговорете го ова прашање без многу размислување. Можеби, токму тука лежат зборовите кои ги барате. Ако го барате совршеното никогаш нема да ја завршите задачата. Најчесто вашите први мисли се оние најдобрите.

Промовирани огласи »

Најавуваните примени со воведување различни тарифи за домаќинствата во зависност од потрошувачката на електрична енергија се воведуваат од 1 јули. Ова вчера од собраниската говорница го најави премиерот Димитар Ковачевски, објаснувајќи ги мерките за намалување на последиците од енергетската криза.

Се прават калкулации за воведување нова методологија, за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, кои се на регулираниот пазар на електрична енергија, што се менува од 1 јули, со тоа што ефектите ќе бидат дополнително утврдени – нагласи Ковачевски.

Премиерот сепак не објасни до колку киловати ќе значи плаќање по пониската тарифа, туку дека со оваа методологија се оневозможува злоупотреба на електричната енергија.

Оние што ги злоупотребиле броилата за домаќинствата за вршење некакви активности или злоупотреба на електричната енергија на пример, за копање криптовалути, ќе плаќаат повисока цена во согласност со потрошувачката и со тоа енергијата што ја добиваат нема да може да биде субвенционирана од државата или да биде дел од пресметката од цената што ја плаќаат сите граѓани – објасни Ковачевски.

Во делот на програмата за енергетска сиромаштија, Ковачевски додаде дека граѓаните со ниски примања продолжуваат да добиваат меѓу 600 и 800 денари месечно за покривање на трошоците за електрична енергија. Пензионерите, пак, ќе добијат ново зголемување на пензиите во септември.

Наедно, Регулаторната комисија за енергетика одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија, за воведување блок тарифи. Професорите ќе учествуваат и во анализата потребна за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во одделни блок тарифи. Целта на реформата на тарифниот систем за електрична енергија е да овозможи фер цена за сите потрошувачи и во исто време да поттикне рационално користење на електричната енергија.

Анализите и податоците што ќе ги добиеме ќе бидат основа за реформата да биде правична и ќе гарантираат заштита на потрошувачите што рационално користат електрична енергија. Веќе споделивме дека првичните податоци од анализите што ги имаме укажуваат на тоа дека има неекономично трошење електрична енергија во време на енергетска криза од мал број потрошувачи. Па, така, освен што имаме греење на надворешни и внатрешни базени, податоците покажуваат дека 17 домаќинства на годишно ниво трошат 10 отсто од годишната потрошувачка на електричната енергија на домаќинствата. Во оваа реформа посебен акцент ќе се стави на редовното читање на броилата на потрошувачите за потрошувачите да бидат соодветно распределени во блок тарифите. Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз база на искуствата од другите земји каде што се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи. Потрошувачите што користат енормно поголеми количества електрична енергија ќе плаќаат реална цена – појасни Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Извор: Нова Македонија

Промовирани огласи »

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во март 2022 година и се сведе на ниво од 4,3 отсто, а просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,7 отсто, информира Народната банка (НБ).

Во март 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,3 отсто, што претставува месечно намалување од 0,03 процентни поени (п.п.) и годишно намалување од 0,29 п.п.. Просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,19 п.п. и изнесува 0,7 отсто. При тоа просечната каматна стапка на новоодобрените кредити се намали на месечна и на годишна основа за 0,19 п.п. и изнесува 3,75 отсто. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,68 отсто и забележа месечен раст од 0,12 п.п., а на годишно ниво е намалена за 0,08 п.п., соопшти НБ

Во март, се додава во соопштението, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,43% отсто и е пониска за 0,02 п.п., на месечно ниво.

Надолната промена е резултат на намалувањето на каматните стапки на кредитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. Во споредба со март минатата година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,27 п.п., посочуваат од НБ.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, пак, во марто изнесува 3,31 отсто и оствари месечен пад од 0,17 п.п.

Падот се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,30 п.п.) и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,09 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка се намали за 0,20 п.п., прецизираат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,94 отсто и е повисока за 0,04 п.п., во споредба со претходниот месец.

Месечната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа годишно намалување од 0,21 п.п., велат од НБ.

Нагласуваат дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,48 п.п. на месечна основа и изнесува 0,77 отсто.

Растот произлегува од зголемувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,99 п.п.) и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,34 п.п.). Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула, во март, изнесува 0,23 отсто, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п., истакнуваат од НБ.

Во март, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,03 п.п. во однос на февруари и изнесува 5,11 отсто. Според НБ, надолната промена е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п., на годишно ниво.

Од НБ посочуваат дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во март изнесува 4,47 отсто, што претставува месечен пад од 0,07 п.п.

Анализирано според структурата, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п.). Во споредба со март 2021 година, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,14 п.п., прецизираат од НБ.

Според податоците од НБ, во март, годинава каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 0,68 отсто.

Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во денари со валутна клаузула (за 0,03 п.п), како и каматните стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Годишното намалување на оваа каматна стапка изнесува 0,18 п.п, велат од НБ.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во март, како што посочуваат одНБ, изнесува 0,63 отсто и е намалена за 0,02 п.п. во однос на февруари, што во целост произлегува од намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п.), при остварен раст на каматните стапки на депозитите во денари без валутна клаузула (за 0,21 п.п.).

Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула, потенцираат д НБ и додаваат дека каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п., на годишна основа.

Промовирани огласи »

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Ковид ограничувањата за лица кои пристигнуваат од други држави. Тоа го објави министерката за здравство на Бугарија,  Асена Шербезова со наредба издадена денеска.

До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за Ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »