Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ). Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС 95 и понатаму ќе се продава за 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Како причина за новите малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,19  отсто, намалените кај дизелот за 1,242 и кај мазутот за 2,305 отсто, како и за 0,088 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 

Промовирани огласи »

Продавниците се полни, времето е убаво, морето студено, а цените на храната и пијалоците се за едно евро повисоки од ланските, велат за српски медиуми , туристи кои штотуку се вратиле од Паралија.

Милан Рачиќ штотуку се вратил од Грција а за „Ало.рс“ вели дека продавниците таму се преполни, времето е убаво, но водата е сѐ уште студена, а ноќите свежи. Потврди дека цените се малку повисоки од лани, дека се поскапело во просек за евро, евро и пол, но дека сепак е прифатлива дестинација за одмор.

Во Паралија каде што бил на одмор немало гужва, а според неговите проценки моментално има околу 300 гости.

Оние кои сакаат да седат во ресторан ќе платат седум евра за гиро, но гирото и сувлакито се по 2,7 евра во киосците за брза храна.

Ако некој мисли на тоа дека ќе плати гиро за евро пред повеќе од две-три години, нека не оди ни во Грција - вели Милан и додава дека треба да се жртвува нешто за одмор и уживање.

Лебот во некои продавници чини 2,5 евра, но за помалку пари се наоѓа, се е прашање на избор, вели Милан и додава дека продавниците се полни, ништо не фали.

Според порталот biznis.telegraf.rs, статистичките податоци покажуваат дека во Грција поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот и месните производи. Г

Доколку планирате патување во Грција, можете да добиете многу корисни информации на Фејсбук групите Live from Greece и Grčka.info, страници кои ги собираат граѓани кои летуваат во таа земја, имаат недвижен имот таму или едноставно сакаат да читаат информации за Грција.

Еден од корисниците забележал дека сместувањето годинава е речиси двојно поскапо, но Владана Б., што би рекле од прва рака, пријавила дека во вторникот пристигнале во Солун, дека на граница нема гужва, никој не ги прашал за потврда и тоа гиро чинело колку лани.

„Ја сакам Грција, и нека е скапа, не одам само за гиро“, напиша еден од членовите на групата на Фејсбук, а оние на кои им се допаѓа оваа дестинација се согласуваат дека тие што имаат пари одат на одмор и дека ако треба да се плати некое евро повеќе тоа нема да може  да им го расипе одморот.

Без маски од 1 јуни

На туристите кои патуваат во Грција за првомајските празници нема да им требаат дигитални зелени сертификати, негативни PCR тестови или сертификати за вакцинација за да влезат во земјата. Грчкото Министерство за здравство објави дека до 1 септември ќе бидат укинати пропусниците за Ковид и ограничувањата за бројот на луѓе во затворени простории, а носењето заштитни маски нема да биде задолжително во затворените простории, туку мерката ќе стапи на сила дури од 1 јуни.

Промовирани огласи »

Поради несигурноста на финансиските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути продолжува да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет години.

Доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, се движи околу 103,28 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,37 поени.

Доколку доларот дополнително зајакне на 103,82 поени, тоа ќе биде неговото највисоко ниво од 2002 година.

Утринава курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 127,45 на 129,65 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0525 долари, најниско ниво во последните пет години, додека вчера во ова време беше 1,0635 долари.

Цените на нафтата, пак, се под притисок втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,52 отсто на 103,72 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1,53 отсто на 100,46 долари.

Азиските берзи благо паднаа. На Волстрит претпазливост, но и скок на некои акции

На азиските берзи цените на акциите пораснаа во четвртокот, но се тргуваше внимателно, па вредноста на доларот, кој се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, се приближи на највисокото ниво во последните 20 години.

Промовирани огласи »

Директорот Коста Ташков  за МИА денеска објави дека зејтинот „Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење од 115 на 135 денари.

Со ова поскапување се изедначува цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители.

Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и  Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.

Ташков смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »