Промовирани огласи »

Како настана моментално најпопуларната играчка на светот и кој за создаде?

Замислете како ќе се чуствувате, ако измислевте една од најпопуларните играчки на светот? Веројатно би биле горди и задоволни бидејќи би знаеле дека ве чекаат многу пари.

Во случајот на Catherine Hettinger, се работи за мешавина од гордост и фрустрација. Имено, Hettinger, според пишувањето на многу странски медиуми, го создала „fidget spinner“, моментално најпопуларната играчка на светот, а од тоа нема ни еден единствен цент.

Се почнало едно лето во раните деведесетти години, кога Catherine Hettinger боледувала од автоимуно пореметување кое предизввикува слабеење на мускулите, а во тоа време морала да се грижи и за својата ќерка Сара.

Не можев да ги подигнам играчките ниту да си играм со неа. Почнав да правам некои измислени играчки од весници и самолеплива трака. Кога нешто ќе и се допаднеше, јас ќе го направев тоа. Но, тогаш под сплет на околности ја создадов и првата немеханичка верзија на „spinner“

Тој настана благодарение на заедничката работа на мене и мојата ќерка“, вели Хетингер која следните неколку години ги поминала претставувајќи и продавајќи го својот изум. Но, заработката била толкава колку да ги покрие трошоците на производство.

Патентот го осигурала во 1997 година, а баш кога изгледало дека се би можело да тргне во вистинска насока, големиот произведувач на играчки „Hasbro“ во 2005та година се откажал од производството на „spinner“,а се откажала и Хетингер која тогаш престанала да плаќа одржување на патентот.

Големата грешка не ја предомислила. Продолжила да ја работи таа работа како би можела да си ги плати сметките, а работи и како советничка на изумители во Флорида. Ја почнала кампањата на „Кикстартер“ како би почнала да произведува оригинални „spinner“ играчки, но ситуацијата во овој момент не буди премногу надеж за позитивен исход.

Некои медиуми пишуваат дека Хетингер не е изумител на оваа интересна играчка, а таа сама рекла за Блумберг дека не знае дали нејзиниот патент би можел да се примени на денешните спинери.

Експертите за патенти исто така се скептични. Како што стојат работите, како и после секој тренд, веќе по неколку месеци веројатно нашите деца и ние, целосно ќе заборавиме на него.

Промовирани огласи »

Што всушност е животното осигурување? Кој го прави во нашата држава? Дали луѓето околу вас имаат полиса за животно осигурување?

Во светот, штедењето е култура на живеење и сите оние луѓе кои размислуваат за утре и за своите деца веќе имаат склучено договор за животно осигурување. Иако е најбрзорастечкиот финансиски пазар во земјава, сепак сеуште мал дел од луѓето околу нас имаат полиса за животно осигурување.

Сепак, луѓето кои веќе поседуваат ваква полиса велат дека се чувствуаат сигурно и дека за 25 години ќе имаат половина стан на сметка. Доколку и партнерот направи полиса, во збир средствата кои ќе се вложуваат, на крајот сублимирани даваат еден просечен стан кој ретко кој ќе го заштеди во текот на својот живот.

Осигурителните брокери кои работат на ова поле потенцираат дека е точно оти треба да се оддели позначајна сума за да има ефект осигурувањето. Инаку, на пример ако штедите 100 евра годишно тогаш за 10 години ќе имате околу 1.000 евра плус камата.

За жал, свеста кај луѓето не е на завидно ниво за предностите на ваквиот чекор. Токму на тоа треба да се работи. Сепак, луѓето сè повеќе читаат дека постои дефицит во буџетот на ПИОМ и знаат дека пензиите се ниски, па ја користат ваквата можност која им ја дава животното осигурување.

Главно разликата со обичното штедење е едноставна, банките нудат капитално штедење со каматни стапки, а штедењето со животно осигурување е всушност добивка. Станува збор за друг систем, во банка, исто така ви треба поголем износ на пари, но од друга страна можете да ги орочите на една, две или три години, а со осигурувањето ви требаат најмалку десет години за да постигнете резултат.

Убавината на овие програми за животно осигурување е тоа што освен штедењето, програмите нудат здравствена сигурност од тешки болести кои се повеќе се присутни со модерниот начин на живот и обезбедеување на подобро утре на нашите деца.

Од разговорот со осигурителните компании велат дека се зголемува свеста на граѓаните за потребата од животно осигурување во регионот според светските трендови.

Промовирани огласи »

Фондацијата  Голдилокс    Стејт    во    следните    12    месеци    ќе    го    имплементира    проектот    "Мобилен    OneStop    Кариерен    Центар"    во    26    општини    во    Република   Македонија    со    цел    да    ги    зголеми    капацитетите    на    младите    и    жените    и    да    им    помогне    да    развијат    вештини    за    вработување    и    самовработување    и   да    придонесе    за    зголемување    на    економскиот    и    бизнис    развојот    во    сите    8    плански    региони    во    земјата.        
    
Проектот    ќе    им    помогне    на    учесниците    да    стекнат    подлабоко    познавање    на    трендовите    и    пазарните    динамики    во    различни    индустрии,    постоечки    или   со    потенцијал    за    развивање    во    нивните    средини,    како    и    кои    се    вештините    што    се    потребни    за    успех    и    од    аспект    на    потенцијален    вработен,    но   и    од    аспект    на    потенцијален    сопственик    на    бизнис    во    соодветната    област.    Тие    ќе    научат    како    да    ги    употребат    нивните    актуелни    вештини    и    како    да    ги    унапредат    и    ќе    бидат    мотивирани    да    преземат    конкретни    чекори    за    започнување    или    унапредување    на    нивните    кариери.    
    
Реализацијата    на    проектот    ќе    се    одвива    преку    локални    настани    на    кои    учесниците    ќе    имаат    можност    да    дознаат    информации    од    прва    рака    за    конкретни    индустрии,    потребните    вештини,    како    и    можноста    за    развој    во    тие    индустрии.    Покрај    ова,    учесниците    ќе    имаат    можност    за    индивидуални    сесии    со    кариерни    советници,    како    и    со    самиот    експерт    говорник    со    цел    креирање    на    кариерни    планови    и    продлабочување    на    знаењата    во    индустријата.    Караванот    на    Mобилниот    OneStop    Кариерен    Центар    ќе    помине    во    
градовите:    Скопје    (28.06.2017),    Охрид    (21.07.2017),    Струга    (24.07.2017),    Велес    (28.08.2017),    Кавадарци    (30.08.2017),    Прилеп,    Струмица,    Битола,    Гевгелија,    Кичево,    Куманово,    Штип,    Тетово,    Гостивар,    Маврово,    Крива    Паланка,    Кочани.    
    
Пријавете    се    за    учество    на    следниот    линк:    http://bit.ly/OneStopCareerCenter    Следете    го    караванот    на    Мобилниот    OneStop    Кариерен    Центар    на    Facebook    и    очекувајте    го    наскоро    во    вашиот    град.    
    
Овој    проект    ќе    се    реализира    со    средства    на    Фондацијата    Голдилокс    и    Амбасадата    на    САД    во    Македонија,    во    соработка    со    ЊуМенс    Бизнис    Акцелераторот.    

Промовирани огласи »

ИГРАЈТЕ НА ГОЛЕМО

Програма за автентично женско лидерство

Ако често ви се случува да подзапрете пред да се јавите за збор, ако пред да преземете некаква поголема иницијатива, често ви се случува да помислите: Која сум, пак, јас да го направам тоа? Тогаш, ова е програма за вас!
Ти си ТАА!
 

  • Жени со голем талент, со идеи и визија не ја гледаат својата извонредност!
  • Ги чуваат своите идеи наместо да ги споделат!
  • Ова е програма со која жените ќе разберат зошто и како се кријат, зошто играат на мало, програма што им ќе им помогне да играат на големо, што и да значи играње на големо за вас!

Внатрешниот критичар е гласот на недовербата во себе, на отпорот и стравот. Тој ви зборува дека не сте подготвени, дека не сте доволно добри, дека е премногу ризично или е премногу добро за да биде вистина.

Препознавањето на внатрешниот критичар е првиот чекор во играта на големо. Да го препознаеме и да не дозволиме да нè контролира.

Не е важно дали сте извршна директорка, волонтерка во општеството, уметница, професорка, раководител на проект, политичарка или мајка.

Сакате да постигнете повеќе во животот?    
Сакате да дејствувате според своите стремежи и мотиви?         
Сакате да се ослободите од чувството на страв, сомнеж во себе, грижа за тоа што мислат другите за вашите идеи?

Оваа обука е наменета за секоја жена што сака да игра на големо.
Да биде лидер за себе, за оние што ѝ се важни, за околината....

Очекувајте од оваа обука да ги стекнете следниве вештини што досега им помогнале на многу жени: 

  • ослободување од сомнежот и стравот во себе;
  • ослободување од критиките и пофалбите и дејствување според своите можности;
  • пристапување до својата внатрешна мудрост и спознавање на вистинските одговори за себе;
  • преземање чекори со поголема храброст и одважност;
  • моќна и достоинствена комуникација;
  • поефикасно преговарање (и да препознаете дека секој ден преговарате);
  • справување со грижите за тоа дека не сте доволно добри или подготвени за тоа што сакате да го направите;
  • начинот на којшто ќе играте на големо додека се грижите за другите.


Затоа што знаете дека е многу позабавно да се игра на големо!
Преку тридневна програма, ќе нурнеме во себе, па храбро и оснажени ќе испливаме на површината за да заблескаме пред сите во своето вистинско светло!
 
Пријавете се на оваа програма и зачекорете во нова иднина!
 
Прв ден: среда - 5 јули (10-17:30 часот)
Втор ден: четврток - 6 јули (10-17:30 часот)
Трет ден: септември (во договор со групата)

Пријавување:
Ана Јорданоска - Административен асистент 070 944 179 и [email protected]
Рок за пријавување: 02.07.2017
Котизација: 6200 ден.+ ДДВ

Обуката се одржува во пријатен и модерен простор, со кафе-паузи, освежувања и ручек.

Според програмата на Тара Мор (www.taramohr.com)

Програмата ја водат две жени, професионални тренери и коучеви, инструирани за програмата Играње на големо.


За тренерите:

         Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран SDI (Personal Strengths) фасилитатор, мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнисот и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.

    Зорица Поповска е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP  Master practitioner и сертифициран коуч за раст на бизнисот. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, со огромно искуство во водење тимови и организирање и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа е поддршка на човековиот развој и откривање на скриените потенцијали и извонредноста нa индивидуите во брзото комплексно живеење. Нејзиното искуство како менаџер и обучувач во финансискиот и осигурителниот сектор вклучува голем број реализирани обуки од доменот на лични вештини и продажба.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »