ИГРАЈТЕ НА ГОЛЕМО
Програма за автентично женско лидерство
Ако често ви се случува да подзапрете пред да се јавите за збор, ако пред да преземете некаква поголема иницијатива, често ви се случува да помислите: Која сум, пак, јас да го направам тоа? Тогаш, ова е програма за вас!
Ти си ТАА!
- Жени со голем талент, со идеи и визија не ја гледаат својата извонредност!
- Ги чуваат своите идеи наместо да ги споделат!
- Ова е програма со која жените ќе разберат зошто и како се кријат, зошто играат на мало, програма што им ќе им помогне да играат на големо, што и да значи играње на големо за вас!
Внатрешниот критичар е гласот на недовербата во себе, на отпорот и стравот. Тој ви зборува дека не сте подготвени, дека не сте доволно добри, дека е премногу ризично или е премногу добро за да биде вистина.
Препознавањето на внатрешниот критичар е првиот чекор во играта на големо. Да го препознаеме и да не дозволиме да нè контролира.
Не е важно дали сте извршна директорка, волонтерка во општеството, уметница, професорка, раководител на проект, политичарка или мајка.
Сакате да постигнете повеќе во животот?
Сакате да дејствувате според своите стремежи и мотиви?
Сакате да се ослободите од чувството на страв, сомнеж во себе, грижа за тоа што мислат другите за вашите идеи?
Оваа обука е наменета за секоја жена што сака да игра на големо.
Да биде лидер за себе, за оние што ѝ се важни, за околината....
Очекувајте од оваа обука да ги стекнете следниве вештини што досега им помогнале на многу жени:
- ослободување од сомнежот и стравот во себе;
- ослободување од критиките и пофалбите и дејствување според своите можности;
- пристапување до својата внатрешна мудрост и спознавање на вистинските одговори за себе;
- преземање чекори со поголема храброст и одважност;
- моќна и достоинствена комуникација;
- поефикасно преговарање (и да препознаете дека секој ден преговарате);
- справување со грижите за тоа дека не сте доволно добри или подготвени за тоа што сакате да го направите;
- начинот на којшто ќе играте на големо додека се грижите за другите.
Затоа што знаете дека е многу позабавно да се игра на големо!
Преку тридневна програма, ќе нурнеме во себе, па храбро и оснажени ќе испливаме на површината за да заблескаме пред сите во своето вистинско светло!
Пријавете се на оваа програма и зачекорете во нова иднина!
Прв ден: среда - 5 јули (10-17:30 часот)
Втор ден: четврток - 6 јули (10-17:30 часот)
Трет ден: септември (во договор со групата)
Пријавување:
Ана Јорданоска - Административен асистент 070 944 179 и [email protected]
Рок за пријавување: 02.07.2017
Котизација: 6200 ден.+ ДДВ
Обуката се одржува во пријатен и модерен простор, со кафе-паузи, освежувања и ручек.
Според програмата на Тара Мор (www.taramohr.com)
Програмата ја водат две жени, професионални тренери и коучеви, инструирани за програмата Играње на големо.
За тренерите:
Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран SDI (Personal Strengths) фасилитатор, мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнисот и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.
Зорица Поповска е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner и сертифициран коуч за раст на бизнисот. Таа е магистер по менаџмент со човечки ресурси, со огромно искуство во водење тимови и организирање и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа е поддршка на човековиот развој и откривање на скриените потенцијали и извонредноста нa индивидуите во брзото комплексно живеење. Нејзиното искуство како менаџер и обучувач во финансискиот и осигурителниот сектор вклучува голем број реализирани обуки од доменот на лични вештини и продажба.