Промовирани огласи »

Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, и освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“, пишува СДК.мк.

Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи. За желбата дека сака да се натпреварува по математика, во категорија на осмо и деветтоодделенци, тој веднаш ги известил наставнич/

Промовирани огласи »

Maкедонката Емилија Стојменова Дух ќе биде министерка за дигитализација во новата словенечка влада. 

Таа е професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана и е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Активна е во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект  на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката. По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија  добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент. 

Инаку, Роберт Голоб доби 41 од 90 пратенички места, наспроти 27 за Јанес Јанша, и очекува поддршка од други левичарски, зелени и центристички партии.

Промовирани огласи »

На 1 јануари 2023 куната заминува во историјата, по што Хрватска ќе го воведе еврото. 

Хрватскиот парламент вчера со мнозинство гласови го изгласа Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За гласале 117 пратеници, 13 биле против и 1 бил воздржан. Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, бидејќи сметаат дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните. Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »