Промовирани огласи »

По донесувањето на мерката за забрана за пластични кеси, односно по дозволената продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надомест од 15 денари во специјалниот фонд за животна средина, во период декември лани и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари.

Со тие средства, како што појасни денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се планира да се купуваат контејнери за селектирање на отпад кои ќе бидат поставувани во општините.

Сакам да ве информирам дека за декември и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари по оваа основа. Ќе предложиме на Влада, бидејќи тоа се средства од Буџетот, со тие средства, заедно со колективните постапувачи како „Пакомак“, да поставиме систем и да купиме контејнери за селектирање на отпад, рече Нуредини во одговор на новинарско прашање на презентацијата на резултатите од еко-акцијата „Генералка викенд“.

Тој вели дека треба да биде направен договор меѓу МЖСПП, колективните постапувачи со отпад и општините каде да бидат поставени контејнерите и кој ќе ја собира содржината од нив, за да можат граѓаните сами да селектираат отпад – пластика, лименки, тетрапак и стакло. Ако отпадот се селектира, нагласи Нуредини, ќе има помала количина за депонирање.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Речиси шест од десет млади, доколку имаат можност, би се иселеиле од државата, а околу 29% не би се иселиле. Речиси осум од 10 млади луѓе, пак, мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, односно немаат надеж за промена, покажува истражувањето на Фондацијата за демократија „Вестминстер“.

Како што изјави Рита Бехадини, претседателка на Центарот за еднакви можности „Буба мара“, презентирајќи го извештајот пред почетокот на настанот „Социополитичко учество на младите”, ако одлучат да си заминат, само осум проценти од младите изјавиле дека сигурно би се вратиле во земјава.

Ова значи дека веќе не се работи за повисока плата и за повеќе пари, туку за подобар животен стандард. За жал, речиси осум од 10 млади луѓе мислат дека не можат да влијаат на начинот на кој работи Владата, а тоа значи дека немаат надеж за промена. Ако навистина сакаме промена, мора да најдеме механизми како младите да се сфатат сериозно и да станат дел од одлучувањето. Посебно треба да се најде начин како да се мотивираат девојките, за да бидат дел од промената, истакна Бехадини.

Според неа, младите мислат дека ако станат дел од една партија, веќе не можат да најдат работа надвор од партијата и тоа не е стереотип.

Ако вистински сакаме промена, мора младите да учествуваат во политиката и да бидат дел од политичките партии, зашто само тие знааат за што имаат потреба, рече Бехадини. 

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »