Промовирани огласи »

Google Maps има нова алатка за Immersive view која го комбинира Street View и фотографии направени од воздух за да овозможи виртуелно истражување на градовите. Со новиот Immersive View ќе можете да видите каква е некоја населба, какви ресторани има, па дури и да имате чувство како да сте биле таму пред и физички да го посетите.

Значи, ако патувате на некоја нова локација или откривате некои локални знаменитости, новата опција ќе ви помогне да донесете најинформирани одлуки пред и да тргнете на пат, велат од Googlea Maps.

Опцијата е многу слична на 3D начинот на работа на Apple Maps, кој беше лансиран уште минатата година. Новата алатка на Google беше најавена на конференцијата I/O.

Google Maps беше создаден за да им помогне на луѓето во навигацијата до дестинацијата каде што тргнале. Оттогаш еволуираше и стана најдобар сопатник кога треба да пронајдете совршено место за јадење или да добиете информации за некоја локална компанија.

Благодарение на напредокот на компјутерскиот вид и вештачката интелигенција, кои овозможуваат спојување на Street View и фотографии од воздух, успеавме да создадеме водат, дигитален модел на светот, да ви претставиме целосно нов начин на истражување со Google Maps, порачаа од Google.

Корисниците можат виртуелно да истражуваат градови одозгора пред да дојдат до некоја улива или зграда, а потоа да се спуштат на нивото на самата улица. Апликацијата има и корисници информации со можност за промена на времето за да видите како изгледа едно исто место ноќе или дење или во различни временски услови.

Immersive View за почеток ќе го има во Лос Анџелес, Лондон, Њујорк, Сан Франциско и во Токио подоцна годинава, а повеќе градови доаѓаат наскоро, порачаа од Google.

(Daily Mail)

Промовирани огласи »

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешната прес-конференција подетално ги најави промените на тарифниот систем на плаќање на електричната енергија од страна на домаќинствата, со што богатите потрошувачи, доколку и натаму трошат високо количество на струја, ќе го плаќаат по цена блиску на пазарната, што во моментов е многу поскапо.

Станува збор за најголеми измени во тарифниот систем во историјата, во соработка со електротехничкиот и машинскиот факултет. Ќе се воведат четири или три блок-тарифи и нема да важат за евтината струја. Ние ќе биде првата таква земја во регионот која ќе примени блокови само за скапа струја, бидејќи сметаме дека евтината струја треба да остане без никакви ограничувања затоа што тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем, најави Бислимовски.

Првиот човек на регулаторот додаде дека втората сигурна работа е дека највисокиот блок на цената ќе биде многу блиску до пазарната. 

Тоа го правиме заради 17 домаќинства кои трошат 10 отсто од вкупната потрошувачка со 330 милиони киловатчасови. Тие ќе плаќаат цена блиску до пазарната.  Во изминатиот период и тоа што го имавме како ресурс јагленот се повеќе се намалува и со оваа мерка ќе се намали потрошувачката и ќе започнеме со рационална потрошувачка, прецизираше тој.

Искуствата велат дека во Србија 20 години има блок-тарифи и постојат три зони - зелена дп 350 киловатчасови, сина - од 350 до 1.600 киловатласови и црвена со над 1600 потрошени киловатчасови.  Косово има поделба до 800 и над 800 киловатчасови, додека во Албанијаво завршна фаза е одлуката за плаќање до 700 и над 700 киловатчасови.

Ние ќе одиме со три или четири блока за поголем опфат на граѓани кои имаат минимална потрошувачка и да опфатиме повеќе ранливи групи и домаќинства кои немаат друга опција на греење освен електричната, што во најголем дел е во речиси сите градови надвор од Скопје, истакна Бислимовски.

Анализите на РКЕ покажуваат дека 21,9 отсто од граѓаните месечно трошат до 100 киловатчасови, а 7 отсто од домаќинствата трошат над 1.000 киловатчасови. Просечна потрошувачка е 410 киловатчасови на месечно ниво. Според актуелната проекција, 53 отсто од граѓаните би влегле во скапа а 47 проценти од нив во евтина тарифа. 

Во изминатиот период се прават подлабоки анализи за структурата за потрошувачката со единствена цел да имаме појасна слика за опфатот и поделбата на блоковите, за да бидеме социјално праведни и да ја намалиме енергетската сиромаштија, заклучи Бислимовски.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија информира дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Од 17.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 92,00 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98 94,00 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,334 %, кај дизелот има намалување за 1,840%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,559% и кај мазутот има намалување за 0,96%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,307%.

Промовирани огласи »

По донесувањето на мерката за забрана за пластични кеси, односно по дозволената продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надомест од 15 денари во специјалниот фонд за животна средина, во период декември лани и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари.

Со тие средства, како што појасни денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се планира да се купуваат контејнери за селектирање на отпад кои ќе бидат поставувани во општините.

Сакам да ве информирам дека за декември и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари по оваа основа. Ќе предложиме на Влада, бидејќи тоа се средства од Буџетот, со тие средства, заедно со колективните постапувачи како „Пакомак“, да поставиме систем и да купиме контејнери за селектирање на отпад, рече Нуредини во одговор на новинарско прашање на презентацијата на резултатите од еко-акцијата „Генералка викенд“.

Тој вели дека треба да биде направен договор меѓу МЖСПП, колективните постапувачи со отпад и општините каде да бидат поставени контејнерите и кој ќе ја собира содржината од нив, за да можат граѓаните сами да селектираат отпад – пластика, лименки, тетрапак и стакло. Ако отпадот се селектира, нагласи Нуредини, ќе има помала количина за депонирање.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »