Промовирани огласи »

Имаме супер вести од населбата Влае во Скопје. Тиго ја отвара 32та Тиго филијала ! 

Лоцирана кај Порта Влае веднаш до Рептил маркет, каде што ве очекуваат нивните експерти за кредитирање, секој работен ден од 9-19 часот и сабота од 9-17 часот, кои со задоволство ќе ве информираат за поволните Тиго понуди.

Побрзајте, искористете ја нивната промотивна понуда и аплицирајте за Tigo Start кредит бидејќи секој Tigo Start кредит до 31.05 за нови клиенти е БЕСПЛАТЕН! Неограничен број пати.

Моментално отворени работни позиции во ТИГО можете да ги погледнете ТУКА 

Ве очекуваме! 

 

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и остануваат 86, односно 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,903 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,339 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,216 отсто и кај дизелот во просек за 0,65 отсто, како и за 0,619 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Промовирани огласи »

Комитетот за сообраќај на австрискиот парламент усвои амандман на Законот за сообраќај, со кој се предвидуваат повисоки казни за возачите кои не го почитуваат ограничувањето на брзината, а се овозможува забрзување на процесот на одземање на регистарски таблички и клучевите од автомобилот.

Предвидена е минимална казна од 300 евра за илегално „преработените“ автомобили кои може да се наплатат на лице место.

Провинциите Виена, Корушка и Салцбург веќе најавија дека ќе формираат специјални единици за борба против илегалните трки.

Таканаречената „родранер“ и „тјунинг“ сцена во Австрија значително пораснала во последните години. Групите се многу активни и добро вмрежени.

Организираат диви трки во градските средини, а со тоа го загрозуваат населението, посочуваат од полицијата.

Промовирани огласи »

По неколкучасовни преговори вечерва Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите и се договорија платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истите работи ќе важат и за вработените во градинките.

На средбата, што се одржа во Министерството за образование и наука, се допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Препораките од помирувачот ќе бидат претставени пред членството на Синдикатот, а претседателот на СОНК Јаким Неделков се надева дека ќе бидат прифатени по што најдоцна за 10 дена треба да биде потпишана спогодба меѓу СОНК и МОН.

Се надевам дека членството ќе ги прифати препораките од помирувачот, изјави Неделков по состанокот.

Со ова на истекот на законскиот рок, двете страни со потсредство на помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, најдоа заедничко прифатливо решение за барањата на Синдикатот.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »