Промовирани огласи »

Комитетот за сообраќај на австрискиот парламент усвои амандман на Законот за сообраќај, со кој се предвидуваат повисоки казни за возачите кои не го почитуваат ограничувањето на брзината, а се овозможува забрзување на процесот на одземање на регистарски таблички и клучевите од автомобилот.

Предвидена е минимална казна од 300 евра за илегално „преработените“ автомобили кои може да се наплатат на лице место.

Провинциите Виена, Корушка и Салцбург веќе најавија дека ќе формираат специјални единици за борба против илегалните трки.

Таканаречената „родранер“ и „тјунинг“ сцена во Австрија значително пораснала во последните години. Групите се многу активни и добро вмрежени.

Организираат диви трки во градските средини, а со тоа го загрозуваат населението, посочуваат од полицијата.

Промовирани огласи »

По неколкучасовни преговори вечерва Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите и се договорија платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истите работи ќе важат и за вработените во градинките.

На средбата, што се одржа во Министерството за образование и наука, се допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Препораките од помирувачот ќе бидат претставени пред членството на Синдикатот, а претседателот на СОНК Јаким Неделков се надева дека ќе бидат прифатени по што најдоцна за 10 дена треба да биде потпишана спогодба меѓу СОНК и МОН.

Се надевам дека членството ќе ги прифати препораките од помирувачот, изјави Неделков по состанокот.

Со ова на истекот на законскиот рок, двете страни со потсредство на помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, најдоа заедничко прифатливо решение за барањата на Синдикатот.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

Промовирани огласи »

Убав и оригинален пример пристига од ОУ “Ристо Шуклев” во гевгелиското Негорци. 

Четки, бои, малку фантазија и многу љубов - резултатот е видлив. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност...

Цртавме во ходниците, училниците, по скалите, ѕидовите, во училишниот двор...Бетонот оживеа, а училиштето стана пријатно место за престој на учениците, велат наставниците и учениците од ова училиште кое несомнено е место каде учениците со задоволство учат и другаруваат. 

Еве како изгледа внатрешноста на училиштето со инспиративните едукативни катчиња: 

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »