Промовирани огласи »

Убав и оригинален пример пристига од ОУ “Ристо Шуклев” во гевгелиското Негорци. 

Четки, бои, малку фантазија и многу љубов - резултатот е видлив. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност...

Цртавме во ходниците, училниците, по скалите, ѕидовите, во училишниот двор...Бетонот оживеа, а училиштето стана пријатно место за престој на учениците, велат наставниците и учениците од ова училиште кое несомнено е место каде учениците со задоволство учат и другаруваат. 

Еве како изгледа внатрешноста на училиштето со инспиративните едукативни катчиња: 

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

На добар пат се СОНК и МТСП да договорат на вработените од градинките кои штрајкуваа да им биде исплатена целосна плата за тие денови, по најавите дека тоа нема да се случи. 

По денешната средба на претставници на СОНК во министерството за труд и социјална политика, и министерката Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделковски изразија уверување дека до четврток или петок конечно ќе потпишат спогодба. 

Во добар правец оди надминувањето на овој горчлив пробме, за исплата на плати на сите оние коишто беа во штрајк од детските градинки. Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен – рече Неделков.

Додаде дека она што ќе биде договорено во однос на зголемување на плати во образованието ќе важи и за дејноста детска заштита. Она што е договорено и со двата министри е дека и колективните договори ќе бидат изготвени и потпишани во соодветна рамка.

Имавме одлична конструктивна дискусија со претставниците на ОСНК, социјалниот дијалог продолжува, блиску сме до конечно решение. Денес разговаравме за повеќе понудени предлог-решенија и од страна на МТСП и од страна на СОНК. Дојдовме до приближување на ставовите кон онашто значи решавање на спорот помеѓу СОНК и МТСП. Во текот на неделата продолжуваме повторно со дијалогот и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе имаме потпишана спогодба и конечно решение во однос на одлуката за штрајк во предучилишното образование. Верувам дека во четврток, петок ќе го имаме конечното решение коешто е во интерес и на МТСП, и на СОНК, односно вработените во детските градинки, а е во рамки на Законот – рече министерката Тренчевска. 

Вработените во градинките штрајкуваа за зголемување на платите, заедно со колегите вработени во образованието, но во интерес на децата и родителите тие порано го прекинаа штрајкот, а истиот проблем со вработените во образованието се решава со посредник. 

Претседателот на СОНК е отимист дека е можно да се дојде до решение, но, потенцира, доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот.

Па да. Може да има последици, доколку не најдеме заедно прифатливо решение, но еве ќе се надоврзам на кажувањето на министерката навистина се движиме во добар правец и надминување на горчливиот проблем за исплата на плати на сите оние коишто беа во штрајк во детските градинки. Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен до крајот на неделата. Тоа не би требало се чини да биде сламка на сопнување, од аспект на тоа што има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата. Згора на тоа и преговорите со МОН привршуваат под покровителство на помирувачи. Така што, она што ќе биде договорено во однос на зголемување на плати во дејноста образование ќе важи и за детска заштита и дефинитивно она што е договорено и со еднииот и со другиот министер односно со работните  групи од двете министерства, дека и колективните договрои ќе бидат изработени односно потпишани во соодветна рамка односно термин за којшто веќе сме веќе блиску за утврдување, рече Неделков по средбата.  

Тој е убеден дека разговорите со МОН кои се водат под покровителство на помирувач ќе завршат утре, кога истекува и рокот за завршување на преговорите.

Денеска еве имаме повторно средба во МОН каде што ќе ги допрецизираме договорените работи коишто треба да произлезе и записник од помирувачот за кој практично треба заедно да се усогласиме и да го усвоиме. Врз основа на тој записник треба да се изготви и спогодба која што ќе ја потпишеме сите инволвирани страни во овој процес, рече претседателот на СОНК.  

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) од 16 часот се очекува да има средба и во Министерството за образование и наука.

Промовирани огласи »

Зголемените цени на производите во маркетите повеќе ги загрижуваат Германците отколку војната во Украина или пандемијата. Речиси секој трет жител на Германија се плаши дека ќе мора да го промени својот начин на живот, покажале резултатите од последното испитување на јавното мислење спроведено од консултантската фирма „McKinsey“.

Околу 40 отсто од 1.000 испитаници рекле дека нивната најголема грижа во моментот е инфлацијата, додека пак 34 отсто рекле дека се загрижени поради руската инвазија на Украина, а само осум отсто ја посочиле пандемијата на Ковид 19. Скоро една третина од испитаниците (29 отсто) стравуваат дека го ограничуваат вообичаениот начин на живот во некои области. Стравот од пораст на цените особено ги погоди луѓето со пониски примања. Две третини од испитаниците очекуваат пораст на цените во следните 12 месеци, пишува „Дојче веле“.

Изминатите две години од почетокот на пандемијата оставија силен белег, но сега, поради инфлацијата и руската инвазија на Украина, луѓето станаа попесимисти од било кога претходно. Луѓето ги забележуваат повисоките цени во меркетите, но исто така забележуваат и дека на крајот на месецот помалку пари им остануваат во паричникот – објаснува Маркус Јакоб од „McKinsey“ при презентирањето на резултите.

Истражувањето покажало оти лицата кои заработуваат подобро ги менуваат своите потрошувачки навики. Две третини од испитаниците посочиле дека сега трошат повеќе пари за храна, додека 61 процент повеќе потрошиле на бензин и транспорт, како и енергија. Поради ова, речиси секое трето лице од испитаниците укажало оти ги ограничиле своите потрошувачки навики. Најмногу се штеди на трошоци за козметика, облека, забава и патување.

Штедење особено ги погоди оние области од економијата кои беа сериозно погодени и од пандемијата. Луѓето трошат помалку на задоволства кои сакале да си ги дозволат по пандемијата, како на пример одење во ресторани, ноќевања во хотели или забави – објасни Сајмон Ленд, претставник на компанијата која го спроведе истражувањето.

Истражувањето покажа дека две третини од потрошувачите веќе ги менуваат своите потрошувачки навики поради порастот на цените: на пример, со префрлување на поевтини брендови или купувања за време на попусти. Повеќе од половина од испитаниците изјавиле дека се повнимателни кога трошат енергија дома.

Фото: EPA/FRIEDEMANN VOGEL

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »