Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика најави воведување на блок тарифи за потрошувачката на електричната енергија, односно оние што трошат најмногу ќе плаќаат и најскапо. Идејата за блок тарифи дојде од ни помалку ни повеќе туку како што нагласија и регулаторите 17 семејства кои во државата трошат дури 10 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија. Поради нив најверојатно на сите сметките за струја ќе им бидат корегирани и тоа се очекува да биде во нагорна линија.

За какви објекти всушност се работи? ТВ21 објави список на најголемите потрошувачи на струја во земјава.

Според овој список на листата се наоѓаат верски објекти, цркви и џамии, супермаркети, хотел, студентски домови, приватно училиште и други. Куќа на бизнисмен во Злокуќани е исто така на оваа листа.

Иако најмногу трошат струја овие 17 семејства редовно си ги плаќаат сметките. Цената на електричната енергија за домаќинствата е регулирана и граѓаните ја плаќаат за 41 евро за мегават час, додека пазарната цена е пет пати повисока. Не се исклучува можноста домаќинствата што најмногу трошат електрична енергија да ја плаќаат по пазарна цена.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи информира дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен дел од платен Данок на додадена вреднос (ДДВ) од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првите три месеци од оваа година. 

Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле  корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира, граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ,,Мој ДДВ” со цел навремена исплата. Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице - се наведува во соопштението од УЈП.

Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041.591 фискални сметки. Посочуваат оти интересот на граѓаните за користење на оваа мерка секојдневно расте, и само во првото тримесечје од годинава регистрирани се нови 15.777 корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, а вкупниот број на регистрирани корисници на „Мој ДДВ“  досега изнесува 457.090 корисници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »